Вести
Исплатлив бизнис, се заработуваат милијарди
Милијарди долари во светот се заработуваат од халал производи.
Вредноста на пазарот се проценува на 547 милијарди долари, а вкупниот промет на храна и производи е 12% од глобалната трговија.
Сепак, овој тип на храна не е врзан само за верата, туку и за туристичкиот сектор.
Халал стандардот е шанса за развој во Србија.
Оваа храна се поврзува со исламот, но има и луѓе кои внимаваат на квалитетот и безбедноста на храната.
Халал туристите годишно во просек за одмор трошат 1.700 долари, за разлика од Европјаните кои трошат по 1.200 долари.
Во халал храната е забрането да има свинско, животни месојади, птици грабливки, адитиви, емулгатори, желатин од свинско потекло и алкохол.