fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Избор на локација за пчеларник

Промоцијата на македонскиот мед преку светската слава на медена земја и Атиџе заинтересира многу луѓе да почнат со пчеларство.

Најголемиот дел од новите пчелари најчесто се хоби пчелари или викенд пчелари кои почнуваат со неколку пчелни семејства за да го научат процесот и да видат дали ќе можат да се снајдат во одгледувањето на пчели. Како и да е начинот и причината за започнување со пчеларството најзначајна е подготовката. Освен што треба да види идниот пчелар дали е алергичен на убодите на пчелите и добрата зимска едукација и читање на стручна литература за да се запознае со основните работи идниот пчелар мора да одлучи со каков тип на пчелни кочници ќе пчелари и едно од позначајните работи ми е изборот локацијата за пчеларникот.

Иако постојат два начина на пчеларење стационарно и селидбено сепак најчест начин во наши услови и за почетници е стационарното за кое треба добро да се познаваат основните работи кои се важни при изборот на локацијата. Најчесто за локација се бира некој семеен имот или површина на некој пријател која е препорачливо да биде близу до местото на живеење, кое треба да е добро заштитено од ветрови и да има блага наклон кон југоисток и да биде што поблиску до подножјето.

Местото треба да има таква позиција да на него не се задржува води и при посилни поројни дождови и добро да ја одведува водата подалеку од кошниците. Најдобро е одбраната локација за идниот пчеларник да е далеку од прометни сообраќајници, од високонапонски далноводи, да не сметаат на соседите или на стока во близината. За избор на локација не се препорачуваат близини на големи водени површини, не треба да има во близина некоја фабрика за кондиторски производи. Пчеларникот треба да е добро заграден во него да не може да влегуваат домашни и диви животни, локацијата треба да овозможува во текот на целиот ден од изгрејсонце до зајдисонце пчелите да имаадобро осветлување а по можност околу пладне на самите кошници да паѓа шарена сенка.

Ако е возможно добро би било во близина на пчеларникот да има мал поток со свежа и чиста вода. Во близина на пчеларникот не е препорачливо да има силно ноќно осветлување или да има ѕид од кој би се одбивала топлина. Покрај микролокацијата на пчеларникот важна е и околината. Заради пашата не се препорачуваат локации кои се над 800 метри надморска висина а онаму каде ќе се одбере локацијата треба да се види каква е пашата во околината и што може пчеларот преку засадување медоносни растенија да го обогати теренот кој ќе биде најпосетуван од пчелите.

Исто така важно е да се види во близина дали има други пчеларници и со колкав капацитет се тие за да не се создава пренаселеност од пчели во односно на природната паша и условите. Сите овие фактори се основен предуслов за добра локација за идниот пчеларник кои се исто толку важни како и натамошната умешност и познавањето на пчеларот на работите кои зависат од него.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close