fbpx
Вести

Издавање на евидентен лист до крајот на месецот

tutun1

Тутунарите се подготвуваат за новата реколта. Најдоцна до 31-ви март, пред да склучат договори за откуп, мораат да го пријават новото производство за оваа година.

Пријавувањето се врши во подрачните единици на министерството за земјоделство каде што е местото на живеењето на производителот независно каде се наоѓаат површините со тутун.

Земјоделците треба да добијат евидентен лист со сите катастарски парцели на кои ќе садат тутун, според типови и количества, кој ќе се внесува во регистерот на земјоделските стопанства.

Заедно со осумте досегашни откупувачи од оваа година во новата реколта влегува и уште една странска команија. Ново лиценцираната грчка „Мисиријан“ им се придружува на монополите и ќе почне да склучува договори за откуп со тутунарите.ж

Досега од ланската реколта се откупени повеќе од 23,5 илјади тони тутун, со просечна цена од 217 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close