Изгаснат пожарот под Пелистер

Целосно е изгаснат  пожарот што го зафати потпелистерското село Ротино. Благодарение на присебноста на вработените од ТППЕ Битола како и вработени од НП Пелистер уште една интервенција завршува успешно и не е дозволено огнената стихија да се прошири и да биде загрозена моликата  на  Пелистер.

Во гаснењето на пожарот учествувале  20 пожарникари со 4 противпожарни возила. Активно биле вклучени  единица од РЕК Битола со едно возило, една екипа од ТППЕ Ресен, вработени во шумското  ЈП Кајмакчалан, ЈП Комуналец Битола и ДЗС како логистика. Ситуацијата била дотолку посериозна што пожарникарската служба морала да интервенира на 8 различни пожари истовремено.

Заради  сериозноста на пожарот градоначалничаката на општина Битола Наташа Петровска го свика кризниот штаб. Општина  Битола писмено ќе се обрати до СВР Битола со цел да се преземат соодветни чекори за поголема контрола на терен во согласност со законските прописи.

„Во послените 15 години  не се случило во ист момент во два неполни часа  да се случат 8 интертвенции на една единица  на одделни пожари, вели Констадин Поповски , командир на ТППЕ Битола.  Алармантна е ситуацијата , не само во Битола  туку и цела држава. Ова што се случува последниот  месец во државата е катастрофално . Една единица да има дневно од 5-10 интервенции. Тоа максимално ги исцрпува и материјалните и човечките ресурси, додава Поповски.

Пожари имало во селата Жабени и Св. Тодори, во околината на селата Драгожани, Беранци, Цапари и Ротино, месноста Дебел Рид и во градот кај хотелот „Битола“.

Според командирот Поповски се претпоставува  дека сите пожари  се намерно предизвикани . Оваа состојба мора да се реши, институциите во државата мора да преземат ригорозни мерки.

„Дефинитивно сите пожари што се јавуваат во овој период,  додека не почнале жештините сите се намерно запалени. Од едноставни причини, граѓаните сакаат да си ги исчистат меѓите,  стрништата, депониите како што беше случај со пожарот кај Ротино кој почна токму од депонијата кај Цапари и се прошири. Нема случаен пожар од било кои причиниосвен пожари кои се јавуваат во станбени објекти“ посочува Поповски.

Во пожарот нема изгорени индивидуални објекти, а гореше папрат и смрека.Ветерето што дувал со правец  од запад исток кон југ само дополнително ја влошувал  состојбата со пожарот. Вработение од ТППЕ Битола во текот на месец февруари имале 38 интрвенции  на отворен простор од кои 20 се однесувале на интервенции  на запалени стрништа.Во идниот период  органите на прогонот треба да одговорат на прашањето кои се причините што довеле до пожарот. За сега од МВР не соопштуваат никакви информации за јавноста.

Павлина Јовановска

 

Share Button