Вести
Изградба на брана и акумулација на река Слупчанскa
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Изградба на брана и акумулација на река Слупчанска, општина Липково.
Со проектот се предвидува изградба на каменонасипна брана со висина од 55m со армирано-бетонски екран на река Слупчанска во општина Липково. Ширината на круната на браната ќе изнесува 8m.
Надлежен орган за донесување на одлуката е Министерството за животна средина и просторно планирање.