Изградбата на новите автопати ќе започне само ако ни дадат пари од странство
Стартот на изградбата на новите автопати кои Владата ги најави во 2021 ќе зависи од тоа дали ќе се обезбедат средства од меѓународните кредитори, а планирани се четири нови вакви делници.
Стартот на изградбата на новите автопати кои Владата ги најави во 2021 ќе зависи од тоа дали ќе се обезбедат средства од меѓународните кредитори, а планирани се четири нови вакви делници.. Инаку планиран e почеток на изградба на автопат Прилеп – Битола; Гостивар – Букојчани кој понатаму треба да биде поврзан со Кичево, како и Тетово – Гостивар од постоечките две на три ленти и Требениште – Струга – Ќафасан, односно до границата со Албанија, но за овој последниот само доколку УНЕСКО даде позитивно мислење.
Според програмата на Владата за 2021, ќе се побараат пари од странство само за дел од делницата Кичево – Гостивар и за автопатот Скопје – Блаце. Во март треба да се предложи закон за гаранција за заем за финансирање на изградбата на автопатска делница Кичево – Гостивар во делот на Кичево – Букојчани, а во септември да се предложи исто решение за обврските кон автопатска делница Скопје – Блаце, Пари ќе се побараат од Европската банка за обнова и развој.
Според програмата на ЈП Државни патишта, за автопат Букојчани – Кичево и Скопје – Блаце со обезбедени грант средства од Европска Унија и заем од Европска Банка за обнова и развој. За отплата на кредити кон меѓународните банки во 2021 планирани се средства во вкупен износ од 4,55 милијарду денари, од кои за отплата на каматите за земени кредити предвиден е износ од 830.000.000 денари.https://faktor.mk/izgradbata-na-novite-avtopati-kje-zapochne-samo-ako-ni-dadat-pari-od-stranstvo