вестиМакедонијаТоп вести

Излезе од печат 24 број Зелена берза: Честитки за две години „Зелена берза“

Сонцето секогаш е зад облаците

 

Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

-Ви ја честитам двегодишнината од вашиот весник и ви посакувам уште многу изданија.

Издавањето на вашиот весник „Зелена берза“ е од исклучително значење за агро секторот во земјава. Не само земјоделците, туку и домашните претпријатија преку вас доаѓаат до важни информации или новини кои се значајни за нивното работење.

Преку вашите изданија, информацијата секогаш стасува до оние на кој им е наменета. Продолжете да информирате, да истражувате, да не критикувате, укажувајте на некои непредвидени или ненамерни пропусти, помагајте да се подобруваме оти само на тој начин може да го направиме домашниот сектор поконкурентен, поуспешен, и да го приближиме до стандардите на Европската Унија.

Методија Илиевски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Битола

Земјоделието во минатото и денес е секојдневие на голем број жители во нашата земја. Сега полека, но сигурно станува столб на македонското општество и економија. Со пристапувањето кон ЕУ тоа сигурно ќе добие на поголемо значење но, и на квалитет со интензивно искористување на европските фондови. За истото да напредува најбитна е информацијата и едукацијата. Токму тоа што го прави тимот на „Зелена берза“ во изминатите 2 години со реализација на низа проекти кои имаат позитивен одзив во јавноста на кој и самиот бев сведок, како учесник. Затоа ве охрабрувам да продолжите да работите со зголемен интензитет и мотив. Една позната мисла вели: Секој вложен труд, порано или подоцна ќе вроди со плод! Земјоделските активности се макотрпни, но плодот од истите е благороден. Затоа продолжете да работите, плодот ќе биде очигледен. Среќен роденден!

Светлана Петковска, претседател на Организација на жени-Битола

Драги мои „Зеленоберзаши“, иднината на светот, па и ваша е во зелен(ил)ото. Што побргу сфатиме, сите ние, тоа поарно за нас. Честитки по повод двегодишнината од постоењето на „Зелена берза“. Ви посакувам никогаш да не завршите со вашата мисија.

Борче Петковски, заменик на директорот на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството на Р.М.

Ви го честитам две годишниот јубилеј од постоењето на вашиот весник кој успешно работи на полето на професионално земјоделското новинарство. Заедничката земјоделска политика на ЕУ е првата заедничка политика на обединета Европа и е директно применлива во сите земји-членки. Поглавјата за земјоделство, фитосанитарна и ветеринарна политика и безбедност на храна претставуваат скоро 40% од целокупното законодавство на ЕУ. Во достигнувањето и почитувањето на високите стандарди на ЕУ за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата и зачувување на природата и животната средина свој придонес мора да дадат сите чинители во земјоделскиот сектор, а земјоделското новинарство мора да биде на највисоко професионално-европско ниво.Уште еднаш ви го честитам јубилејот и ви посакувам успешна и плодна работа.

Васка Мојсовска претседател на НФФ

-Честитки за вториот роденден. Продолжете со исто темпо на работа во интерес на земјоделците-производители на храна. Ви посакувам уште многу успешни родендени.

Верица Бутлевска член на ОЖ Битола

-Сите пофалби за „Зелена берза“. Беше потребен еден ваков медиум. Медиум кој не само што не информира, туку не едуцира и забавува. Ве следам од самиот почеток и гледам како растите, како им посветувате внимание на сите и ги опфаќате сите области од земјоделието, низ цела држава. Посебна пофалба што обрнувате внимание и ги поддржувате руралните жение и традицијата. Ви посакувам уште многу родендени да славите и да нижите само успеси.

Иван Зафировски – агроном

-Вие сте единствениот пишан медиум што ги документира и им ги презентира на целокупната јавност сите случувања во полето на аграрот. Единствени сте што ги информирате земјоделците за сите достигнувања на сите полиња поврзани со аграрот. Со вас подостапни се новите сорти семиња, современа земјоделска и приклучна механизација. Земјоделците со „Зелена берза“ не само што се информираат, туку и се едуцираат преку советите на агрономите, а решаваат проблеми за кои сметаат дека се нерешливи. Продолжете и понатаму да работите и да бидете на страната на оние кои го сакаат и го разбираат земјоделието. Среќен роденден и да славите уште многу успеси.

Фросина Ѓоргиевска – Здружение на овоштари – Ресен

-Ви го честитам јубилејот и ви посакувам уште долго да сте присутни меѓу земјоделците. Информациите што ги објавувате се точни и навремени и успевате да ги опфатите сите земјоделци без разлика со што се занимаваат. Информациите и советите им се многу важни на земјоделците без оглед која култура ја одгледуваат. Конкретно во делот на овоштарите од каде доаѓам и јас, присутни сте таму, ја следите состојбата и го пренесувате нивното мислење, кој што има да каже, да критикува или да пофали. Се надевам дека ќе продолжите и понатаму на овој начин да известувате, можеби и малку повеќе да ги вклучите факултетите и стручните совети и мислења на професорите да видиме и науката што кажува од друга страна, не само она од производителите. Јас како жена ќе кажам дека секогаш имате статии и написи за жени како и настани кои се однесуваат за жени за да се поддржи жената на патот да стане претприемач без предрасуди и дискриминација. Честитки за роденденот и продолжете и понатаму со позитивна мисла.

Весна Јаневска – земјоделец од Росоман

-„Зелена берза“ е списание кое стана препознатливо и не зближува нас земјоделците. Стручните совети и актуелни информации се многу важни за нашата работа. Дознаваме се што се случува во сите региони на државата и ни ја олеснува комуникацијата меѓу земјоделците. Настаните што ги организирате ни овозможуваат да научиме нешто ново, да склопиме нови пријателства и подобро да се запознаеме. Ви ја честитам годишнината и нека ви се множат.

Даниела Цветаноска-ЛАГ Агролидер-Кривогаштани

Во човечката ДНК е врежано дека човекот постојано треба да тежнее кон напредок, да се натпреварува со другите, да биде секој ден подобар од тоа што бил вчера. Вие секој ден, со секое ново издание сте се подобри и подобри.

Иако понекогаш нештата изгледаат премногу тешки и сложени и мислите дека наједноставно ќе биде да кренете раце и да се откажете, помислете само зошто сте почнале. Оваа мисла нека ви биде водилка за сè она кое сакате да го исполните во вашата работа. 

И, да, заедно да продолжиме да соработуваме и да сонуваме големи соништа бидејќи само така успеваме! 

Ви посакуваме среќен роденден и уште многу успешни и ефективни години на работа и постоење!

Борис Ангелков-професор во пензија

-Вашето списание е уникатно. Откако следам ваква литература уште во бившите YU простори немаше вакво специјализирано списание богато со фактографски и илустративни информации. Од други области имаше но, од земјоделие не. Актуелните теми ги презентирате со чувство на мера во информирањето оти не се држите до пропаганден карактер, туку стручен карактер на информацијата. Во Македонија има добри ТВ емисии и такви информации недостигаат, но на телевизија информацијата доаѓа и си оди, а списанието е трајна информација и утре може повторно да се отвори и прочита, останува во историјата. Одбирате и добри соработници и соговорници кои се репрезенти на земјоделието, а не некои кои што само сакаат да се промовираат. Илустрирани сте со добри фотографии, а некогаш фотографиите кажуваат повеќе од зборовите. Ви честитам и продолжете така.

 

 

 

 

 

 

Слични написи

Back to top button
Close