Измените во законот за персоналниот данок нема да им наштетат на земјоделците вели премиерот Заев
Промените во персоналниот данок нема да им наштети на земјоделците уверува премиерот Заев. Сите оние кои ќе остварат годишни приходи до 1 милион денари ќе бидат даночно ослободени на тој начин што на заработката ќе платат данок од 2 отсто но на крајот на годината парите ќе им бидат вратени назад.
Претходно на измените во законот за пероснален данок реагираа и земјоделците, посочувајќи дека измените ќе отвори простор за манипулација со откупната цена.
Од идната година земјоделците ќе ја добијат и зелената нафта. Поевтиното гориво го побараа самите производители откако беше донесена одлука за поскапување на нафтата за три денари од следната година.
Денеска беа потпишани и првите договори за добивање на финансиска подршка од неповратни 10 илјади евра за млади земјоделци кои имаат желба да се занимаваат со земјоделска дејност. Парите ќе можат да ги искористат за инвестиции во производни капацитети или за купување на нова механизација.