fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Извезуваме квалитетни јаболка, пиперки, домати, а јадеме втора класа

Поголем дел од земјоделските производи одат за извоз, бидејќи домашниот пазар е многу мал и не може да се продаде целото производство.

Ајварката оди во Романија, јаболката во Украина, а грозјето во Русија. Освен овие пазари македонските земјоделски производи се извезуваат и во земјите од регионот, Блискиот Исток и во Европската Унија. Како и секоја година така и оваа за извоз отиде она што е поквалитетно, а за домашниот пазар остана она со послаб квалитет, односно втора класа. И покрај тоа што за граѓаните цените на овошјето и зеленчукот годинава се високи и им се нудат неквалитетни производи од увоз од Албанија, Грција, Турција…,сепак земјоделците се задоволни што има извоз и што производите нема да им останат по нивите да им скапуваат.

Поголем дел од земјоделските производи одат за извоз, бидејќи домашниот пазар е многу мал и не може да се продаде целото производство. Земјоделците велат дека за извоз одат оние земјоделски производи кои се со екстра квалитет поради стандардите кои ги бараат земјите увознички, како и поради транспортот, бидејќи производите кои не се прва класа не трпат подолг транспорт.

-ЈАБОЛКАТА ЌЕ СЕ ИЗВЕЗУВААТ ВО УКРАИНА БЕЗ ЦАРИНА. ДОСЕГА ЗА ЈАБОЛКОТО СЕ ПЛАЌАШЕ 16 ОТСТО ЦАРИНА, А СЕГА ДАВАЧКИТЕ ЗА ИЗВОЗ ЌЕ БИДАТ ПОНИСКИ. ОСВЕН ВО ОВАА ЗЕМЈА ЈАБОЛКАТА ЌЕ СЕ ИЗВЕЗУВА И ВО ОСТАНАТИТЕ РУСКИ ДРЖАВИ И НА БЛИСКИОТ ИСТОК. ИМАШЕ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ИМА ИЗВОЗ И ЗА ЕГИПЕТ, НО ЗАСЕГА СЕ УШТЕ НЕМА НИШТО ОД ТОА. ИМА 50 ДО 60 ИЛЈАДИ ТОНИ ЈАБОЛКО СО ЕКСТРА КВАЛИТЕТ КОЕ ЌЕ ОДИ ЗА ИЗВОЗ, ВЕЛИ ЗА ВЕЧЕР, МЕНДЕ ИВАНОВСКИ, ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ОВОШТАРИ ОД ПРЕСПА.

За домашниот пазар остануваат оние јаболка кои не можат да се извезат. Домашниот пазар е многу мал и на него се продаваат само 15 илјади тони јаболка годишно, поголем дел одат за извоз.

Слична е состојбата и со ајварката, која освен на пазарите во регионот најголем дел се извезува во Романија, а дел оди и за рускиот пазар. Земјоделците велат дека и покрај намалените површини, сепак ќе има ајварка и за домашниот пазар и за извоз.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close