Јаболка со црвено месо
Покрај веќе познатите сорти како Pink Lady, Kanzi, Jazz, Junami, Opal… … речиси на секој саем` на јаболка ќе најдете широк спектар на нови сорти, кои допрва треба да го запознаат и да го заземат своето место на пазарот.
Ќе наброиме некои: RubyFrost, SnapDragon, Admiral, Story, Carnival, RubyCrisp, Ariane, Corail, Joya, Bravo, ….. Сите овие нови сорти треба да бидат тестирани, и за производителите тоа значи дека или ќе биде прв, а можеби и ќе го собереш кремот или да почекаат додека не дојдат на пазарот.
Сортата Редрел е црвено јаболко. Постојат повеќе, но сите на водат под брендот Redlov: Redlov Calypso, Redlov Circe, Redlov Era, Redlov Odysso. Тие се добиваат со вкрстување на култивирани сорти јаболка со отпорни црвени сорти на црвено месо. Различни опрашувачи и други видови на јаболка, имаат мали плодови, со црвено месо, но обично се со многу горчлив и кисел вкус.
Со повеќе обиди се добиени плодови со добра големина и облик, а месото повеќе или помалку црвено. Црвеноплодните јаболка ги имаат следните позитивни карактеристики (отпорност, црвени плодови, црвена дополнителна боја на епидермисот) и проблемите кои биле генетски префрлени на новосоздадените сорти: сите се со кисел вкус и со тоа за консумирање не се доволно погодни.
Визуелниот ефект уште го носи своето место на пазарот, но засега додека со трајна селекциска работа не се добијат плодови со пријатен вкус, поголем успех на пазарот не е можен. Може да се види напредок во оваа насока, а на пазарите кои се склони кон кисело овошје се обезбедува поголем простор за експанзија. Сепак, тоа е одличен простор за ширење на овие плодови во правец на преработка. Црвеноплодните сорти обезбедуваат многу потребна киселост на сокот и антиоксидантски потенцијал, што е многу важно. Во просек, тие имаат 30-40% повеќе антиоксиданти од другите јаболка.
Според мислењето на многу експерти, најголемата предност на овие сорти е обработката. Накалемени врз побујна подлога, со засадување на поголеми растојанија, може значително да го намали бројот на дрвјата по единица површина, со оглед на насоченост кон индустриското производство и продажба како индустриски јаболка, може да биде значително поевтина почетната инвестиција. Најголема инвестиција е купување садници и на механизацијата. Со отпорност на болести, и едноставни преносни системи за наводнување, на голем простор може да имаат ниски трошоци на производство, како и во продажба се очекува да биде во можност да се постигне значително повисока цена од конвенционалните индустриски јаболка заради обоеноста на сокот, која се добива со притискање и зголемена содржина на антиоксиданси, што е во светло на сè поголема загриженост за влијанието врз здравјето на луѓето се повеќе и повеќе.
Приносите на црвеноплодните сорти се малку пониски и дополнителна потешкотија дава и фактот дека, во просек, имаат специфична енергија, начин на разгранување , и диференцијација, што претставува предизвик за производителите.
Валентина Соколовска
за Зелена берза