fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Јавен повик 02/2025 за мерка 112 Помош на млади земјоделци

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави Јавниот повик 02/2025, кој овозможува неповратен грант од 600.000 денари за млади земјоделци (на возраст од 18 до 40 години).

Јавен повик 02/2025 за мерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност.
Ги информираме сите млади лица заинтересирани за започнување со земјоделска дејност дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави Јавниот повик 02/2025, кој овозможува неповратен грант од 600.000 денари за млади земјоделци (на возраст од 18 до 40 години).
Поддршката е наменета за млади кои:
• за првпат започнуваат со земјоделска активност,
• преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство,
• се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.
Средствата покриваат 100% од трошоците, со можност за авансна исплата до 40%. Предност имаат жени млади земјоделки, членови на задруги, млади со завршено земјоделско/ветеринарно образование и баратели со инвестиции во механизација, опрема за преработка и сточарско производство.
 Краен рок за аплицирање: 09.05.2025 година
Поднесувањето на барање се врши електронски на:
Упатства за аплицирање и дополнителни информации:
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close