Јавен повик 1.000.000 денари за набавка на силоси
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, рж, тритикале и пченкa) во сточарството со максимален капацитет од 25 тони, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.
Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („ Службен весник на Република Македонија број 72 / 07,5 / 09 , 43/14 , 193/15 , 39/16 , 164/18 и 190/19 ), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот
ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2022
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година
I Предмет на огласот
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следниве мерки:
Мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства и Мерка 121.9 за набавка на силоси.
Максималната кофинансирана вредност на профатливи трошоци по корисник изнесува до 1.000.000 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник.
II Корисници
Право на користење на средства имаат следните субјекти: Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за земјоделство и рурален развој
III ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, рж, тритикале и пченкa) во сточарството со максимален капацитет од 25 тони, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.
Максималната кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 1219 изнесува 1.000.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
IV . УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.
Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, подмерка 121,9.
Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:
-Сточари со регистрирано одгледувалиште во Агенција за храна и ветеринарство и истото запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.
-Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk
-Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за кофинансирање со Агенцијата
-Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.
V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се преземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk Упатството за корисници за поединечна мерка може да се преземе по започнување на креирање на барање за мерката. Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
VI . НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се преземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0422-12116 – ХХХХ / 1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето. Крајниот рок за доставување на барањата е 20.05.2022 година.