fbpx
ВестиТоп вести

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони

 

Предмет на концесијата е доделување на рибите за организирање на рекреативен риболов за период од шест години на:

  1. Риболовен ревир Брегалница – Делчевски – го опфаќа делот од реката Брегалница од с. Митрашинци до еден километар пред вливот во акумулацијата “Калиманци” вклучувајќи ги сите притоки во овој дел од текот на реката Брегалница, како и сите стоечки води (мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов.
  2. Риболовен ревир “Вардар 2 – Тетовски“, кој ги опфаќа водите на реката Вардар и тоа од вливот на Улеверичка Река до дрвениот мост во близина на с. Радуша со притоките: Пена, Лешочка Река, Бистрица, Босилечка, Габровчица, Љуботенска Река и Горанечка Река, како и сите стоечки води (природни езерца, мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов.
  3. Риболовен ревир Вардар 5 – Неготински  – го опфаќа течението на реката Вардар од вливот на Црна Река до браната на термоелектраната “Неготино”, вклучително со реките: Ваташка (Луда Мара), Слатина, Пепелишка, Брусничка,  Дисанска и сите останати помали водотеци, како и сите стоечки води (мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов.
  4. Риболовен ревир Вардар 6 – Демир Каписки – го опфаќа течението на реката Вардар од браната на термоелектраната “Неготино” до влив на Кованска Река, вклучувајќи ги Стара Река, Анска Река и останатите помали водотеци, како и целото течение на реката Бошава од изворите до вливот во реката Вардар вклучително и реката Дошница по целото течение од изворите до вливот во реката Бошава со сите поголеми и помали водотеци како и сите стоечки води (мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов.
  5. Риболовен ревир Црна Река 4 – Мариовски – го опфаќа делот на Црна Река два километри пред вливот на река Сатока во Црна Река до влив во вештачкоте езеро – акумулација “Тиквеш” со сите притоки, како и микроакумулациите на тој дел “Кале”, “Дуње”, “Чаниште”  и “Пештани”  (во општина Витолишта).
  6. Риболовен ревир Струмица 1 – го опфаќа делот од реката Струмица од изворишниот регион до вливот на реката Турија вклучително и река Турија, како и сите притоки во тој дел од текот заедно со  малите акумулации (“Маркова Брана“, “Дрвошка“ и “Иловица“), како и делот на реката Водочица од браната на вештачкото езеро – акумулација Водоча до вливот во реката Струмица.
  7. Риболовен ревир Струмица 2 –  го опфаќа делот од реката Струмица од вливот на реката Турија до Македонско-Бугарската граница, заедно со Моноспитовско блато, сите притоки и малите акумулации (“Новоселка“), а без реката Водочица и нејзините притоки.
  8. Рекреативна зона Акумулација Мавровица – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулацијата Мавровица.
  9. Рекреативна зона Акумулација Козјак – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулацијата Козјак освен заливите “Коломонт” и “Пеколник”, од вливот на Беличка река (река Белешница) во реката Треска до браната независно од моменталното ниво на водата во акумулацијата Козјак.
  10. Рекреативна зона Акумулација Стрежево – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулацијата од вливот на реката Шемница до браната, освен делот на акумулацијата и тоа 2000 метри возводно од зафатот (браната) и бочно од брег до брег.
  11. Рекреативна зона Акумулација Калиманци – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулацијата Калиманци вклучуваќи го делот на реката Брегалница во должина од еден километар пред вливот во акумулацијата Калиманци, како и Каменичка река.
  12. Рекреативна зона Акумулација Паљурци – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација Паљурци.
  13. Рекреативна зона Акумулација Младост – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација Младост од вливот на реката Отовица до браната.
  14. Рекреативна зона Акумулации Конче 1 и Конче 3 – ја опфаќа целата површина на вештачките езера – акумулации Конче 1 и Конче 3.
  15. Рекреативна зона Акумулација Мантово – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација Мантово.
  16. Рекреативна зона Акумулација Ратево – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација Ратево од вливот на реките Клепалска и Заменичка до браната, вклучувајќи го делот на реката Брегалница од изворите до село Митрашинци со сите притоки.
  17. Рекреативна зона Акумулација Турија – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација Турија.
  18. Рекреативна зона Акумулација Глобочица – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација Глобочица.
  19. Рекреативна зона Крушевска – ја сочинуваат акумулациите Крушевско езеро, Борино 1 и Борино 3.

Концесијата на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се доделува за период од шест години.

Краен рок за поднесување на понудите е 15 Октомври 2018 година до 10:00 часот.

Секој заинтересиран понудувач својата понуда ја доставува на следнава адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.„Аминта Трети“, бр.2, 1000 Скопје.

Понудата се доставува преку пошта или со предавање во архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.

Документи за превземање

Јавен повик

 


 

mzsv

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close