fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

Јавен повик за набавка на трактори

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.4 изнесува 3.500.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр. 03/2022 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година

ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка е Набавка на трактори.

 

КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

  • Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

Напомена: Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.4 изнесува 3.500.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на трактор, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Напомена: Јавниот повик се однесува само за инвестиции во набавка на трактори, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик!

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

– Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура и

– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено и

– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje ipardpa.gov.mk Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со: Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 64/22, 81/22 и 88/22) Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 152/19, 244/19, 275/19 – 110/21 ) Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19,

Крајниот рок за доставување на барањата за исплата на e-baranje ipardpa.govmk е 20.05.2022 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close