fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Јавна дебата „Европски перспективи на руралната жена – состојби и предизвици“

Јавна дебата Европски перспективи на руралната жена – состојби и предизвици

Воспоставувањето на еднакви можности и услови по родова основа е неопходно за создавање на одржлив развој на руралните средини.

Придонесот на жените во руралната економија може да се промовира ппреку самовработување и мал бизнис. Руралната жена може да биде лидер на руралната економија.

 

 

Со заеднички сили можеме да ги срушиме стереотипите и да ја промениме сликата за руралната жена

Методија Илиевски раководител на ПЕ МЗШВ Битола

40% од жените се директно или индеректно вклучени во земјоделието. Од околу 6000 регистрирани земјоделски стопнаства во Битола кои ја покриваат територијата на општините Битола, Могила и Новаци на 2000 носители се жени. Оваа бројка не е за занемарување, но се поставува прашањето колку од нив се активни или се само на документ носители на земјоделско стопнаство. Сите ние треба да се потрудиме што повеќе да ги инспирираме жените, да бидат активни во секоја сферао собено во земјоделието. Се сложувам со една мисла која провејува низ социјаните мрежи „Она што може да направи една жена, не може да го направат сите мажи заедно“. Затоа сите заедно да се потрудиме, чекор по чекор, да ги промениме состојбите, бидејќи знаеме какви сè стереотипи  во општеството  постојат. Уверен сум дека со заеднички активности  ќе можеме да ја промениме сликата.

Проблемотне  е во градот или селототуку во нашите глави

Светлана Петковска – претседател на ОЖ на Општина Битола

Сите жени од руралните средини и оние од градот имаме слични проблеми. Проблемотне  е во градот или селототуку во нашите глави. Се додека тој проблем таму стои така ќе биде.

Жените од руралните средини не се вклучени во ниту една женска организација. Мое мислење е дека ова е првиот проблем што го имаат, затоа што одредени жени се исфрлаат како лидери од одреден регион, а тоа не се. Жената мора да се избори сама, а не некој друг во нејзино име. Сите ние треба да се бориме ама самата жена треба посебно.

 

 

 Неопходни се промени во однос на актуелните состојби на жените во руралните средини

Андреа Соколовски  – Советник  Агенција за Поттикнување на Развојот на Земјоделството Битола

Статистички само 5% од руралните жени имаат имот во своја сопственост. 58% од сите рурални жени немаат лични примања.   Севкупно, 77% од вработените во земјоделството во РСМ имаат економски статус како семејни неплатени работници, од кои 60% се жени.      Слаба застапеност во одлучувањето на жените од руралните средини во локалните и националните политики. Традицијата, стереотипите и обврските во домот и семејството во руралните средини влијаат негативно врз можноста жените да се вклучат и афирмираат во областа на земјоделието.  Недостасува претприемачки дух особено во делот на неформалното образование во руралните средини.

Сè што се сака се може, информираноста е многу важна

Фросина Ѓоргиевска – координатор на мрежа на жени при НФФ

Се што се сака се може. Жената е таа што сама може да се избори и да стане видлива. Во моментов е невидлива поради стереотипите и традиционални норми кои се наметнуваат. Сами треба да се избориме за нештата  да бидат подостапни за нас. Ќе ги охрабрам сите да почнат да покажуваат сила да стапуваат во членство на здруженија, затоа што на тој начин може да се информираат, а информираноста е една од најважните работи за една жена.

Жените треба да се повеќе активни

Менде Ивановски – претседател на ЗЗ РЕС ГРУП Ресен

Ние како машка поплуација треба да дозволиме жените да се истакнуваат. Во ресенскит крај жените се доста добр едуцирани, ги уживаат своите права и способни се , ќе не надминат нас мажите. Жените не значи дека треба да се физички посилни за да се борат за своите права, треба да се повеќе активни.

 

Жената го нема само она право што не сака да го има

Добре Ангелов – пензионер

Жената го нема она право што не сака да го има. Ако сака може се да направи. Не е обесправена. Треба да се следат искуствата од другите земји и потребна е едукција не само на жените туку и на администрацијата во институциите каде земјоделците имаат потреба од одредена услуга или друга активност.

Тој што сака има право и можи

Руменка Димовска – с. Арвати Ресен

Жените не сакаат многу да се дружат, наводно се презафатени со домашни обврски, но тој што сака има право и можи. Вината сенаоѓа во нас жените оти немаме самодоверба.

Денес има феминизација во сите професии

Борче Ангелков – професор во пензија

Денес има феминизиација во сите професии, нема машки и женски струки, треба некој да ги развие, поддржи итн. Јас тврдам дека со мали стимулативни средства ќе  дојде ситуација во иднина,  ќерките на мајките и жените да ги искористат можностите што им се нудат, се менуваат стереотипите, има можности. Мора да се даваат пари на тие што работат и да се најдат пари за добри идеи.

Без жена не се оди на лозје

Зоки Пешков – Здружение на лозари „Напредни лозари“  Кавадарци

Во нашето здружение членуваат  жени, но кога се организираат некои предавања, не доаѓаат. Од 30 жени  може да дојдат една или две. Најчесто оправдување е дека немаат време зафатени се со домашни обврски. Има жени носители на земјоделско стопанство, но немаат доволно самодоверба и сите оние административни работи или поднесување на апликации по некоја од објавени мерки, од страв да не згрешат нешто, ги препуштаат на мажите. Вклучени се во сите земјоделски активности, без жена не се оди на лозје.

Силата на баба ја промовира традицијата и културата во општина Новаци

Верка Котевска претседател на Организација на пензионери  „Силата на баба“

Жената е вклучена во сè. На нива, дома а има и други работни ангажмани. Членките во нашето здружение се пензионерки. Не сме имале некои активности што се однесуваат на женските права оти сметаме дека не сме дискриминирани. Нашите активности се поврзани со промоција и презентирање на традицијата и културата на Општина Новаци. Присуствуваме на најразлични манифестации каде ја презентираме нашата традиционална храна и за тоа сме добиле низа признанија.

Јавната дебата ја организираше ЗЕЗ „Зелена берза“ Битола со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество –  Македонија.

П.Јовановска

Содржините на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close