fbpx
ВестиТоп вести

ЈП „Стрежево”-Битола Подготвени И Со Нова Опрема Во Сезоната За Наводнување

Според генералниот директор на претпријатието, Методија Граматковски, корисниците на вода и ова лето ќе бидат безгрижни за наводнување на земјоделските површини, а вода ќе има за индустриските капацитети и за граѓаните бидејќи во акумулацијата во моментов има околу 95 милиони кубни метри вода.

-Билансот на успехот во првото тромесечие е позитивен и споредено со лани, оваа година имаме зголемени приходи за 19,1 насто и нето добивка без амортизација од 10 милиони денари. Ова позитивно работење овозможува да ги реализираме планираните инвестиции на претпријатието согласно инвестициската програма за 2019 година усвоена од Владата. Инвестиравме во нова опрема, го зајакнавме возниот парк и се ќе биде во функција на хидросистемот. Со средства од претпријатието, без донации и кредити набавивме три теренски сандучарски возила кои ќе ги користат секторите за детална цевководна мрежа и градежно одржување, купивме три теренски возила кои ќе ги користат секторите Брана, машинство и сектор производство на електрична енергија, а набавивме и трактор, мулчер и 10 мопеди со кои ќе се стигнува до непристапни места на хидросистемот, посочи Граматковски на прес конференција во Битола.

ЈП „Стрежево”-Битола потсетија на успешно реализираните проекти како што се поставувањето електрична опрема на ски-патеката и паркинзите на ски центарот „Нижо Поле”, инсталирана опрема за мониторинг на вибрации во хидроцентралите, опрема за видео надзор на главниот канал, како и проширувањето на мрежата за наводнување и изработка на интегриран софтверски пакет за успешно работење на секторите за наплата, јавни набавки, финансии и книговодство, комерција и општо правен сектор.

-Нашите нови предизвици се поврзани со инвестиции во хидромеханичка и електроенергетска опрема, но посебно сакам да ја најавам најголемата инвестиција во претпријатието за оваа 2019 година, а тоа е отпочнување со градба на Фотоволтаична централа со снага од 500kW, со сопствени финансиски средства. Изготвена е физибилити студија, формирана е работна група и во нареден период очекуваме Владата да распиши тендер за доделување на премиум тарифи за изградба на вакви централи на сопствено земјиште, нагласи генералниот директор Граматковски и дополни дека со изградба на капацитети за производство на чиста електрична енергија од обновливи извори ЈП „Стрежево” ќе придонесе за заштита на животната средина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close