вестиСовети

Како да го одберете видот и времето на употреба на ѓубривата кај обработливите површини?

За да го одредиме видот, количината и времето на употреба на минералните ѓубрива кај обработливите површини, важно е да препознаеме и анализираме неколку параметри, како што се:

  • Бонитетните одлики на земјиштето
  • Параметрите на контрола на плодноста
  • Водниот режим на ораничниот слој
  • Агрометереолошки показатели.

Ѓубрењето направете го на основа на анализата на земјиштето и потребата на растенијата

Како што објаснува дипломираниот земјоделски инжинер Добривоје Поповиќ, во Шумадија постојат неколку бонитетни типови на земјиште, главно со средна плодност, како и средно тешко за основна обработка и предсеидбена подготовка. Тој додава дека тие земјишта се со кисела и јако кисела реакција. Земјиштето е слабо обезбедено со фосфор, со средна содржина на азот, богато и многу богато со калиум. Од друга страна, хумус има во некои средни или сиромашни количини, додека водниот режим е на долна граница во однос на потребите на растенијата кои се одгледуваат.

Претходните параметри го одредуваат следниот пристап кон растителното производство:

  • Од азотните ѓубрива треба да користите KAN, поради состојбата на киселот на ораничната површина во предсеидбената подготовка или во исхраната,
  • Доколку комплексните минерални ѓубрива не се користени пред зимата, односно не се внесени при заорувањето или барем во првата предсеидбена подготовка, не треба да се внесуваат затоа што немаат ефект во сувата обработка на овие простори,
  • Во следната сезона на обработка на земјата треба да се внесува комбинација на ѓубрива во кои доминира фосфор,
  • Количината на активни материи, особено азот и фосфор, по можност треба да се одреди според нивната содржина во земјиштето, односно според намената на сеидбената растителна врста
  • Начинот и количината на ѓубриво се одредува според времето на сеидба и времето на искористување на апсолутно планираниот плодоред.

На кисели земјишта може да се користи мелиоративно ѓубриво

Дипломираниот инжинер за земјоделие Богдан Гаралејиќ, додава дека на кисело земјиште може да се користи MAP како мелиоративно ѓубриво во случај кога вредностите на анализата се под 10 mg/100g или 100 ppm, со тоа што кај pH под 5,5 се препорачува додавање на CaOво количина од 5,25 kg/1 kg внесен P2O5 или за 52 килограми/P2Og од MAP (11:52), внесувате 273 килограми CaOпо 1 хектар.

Тој напоменува дека анализите во последните неколку години, покажале дека на земјиштата со pH 6,5 може да се користи MAP  за поправка на содржината на фосфор. Анализата т.е екстракцијата за AL методата, каде pH на земјиштето е под 7, дава добри показатели на содржина на фосфор во земјиштето. Притоа, треба да се води сметка, дека на глинестото земјиште, потребно е да се внеси фосфор и калиум и без оглед на високата вредност во анализата, затоа што тие не можат да се искористат поради типот на секундарни глинени минерали илит и каолинит, кои фосфорот и калиумот ги држат цврсто врзани за земјините честички т.е внатре во кристалната решетка на глинените минерали.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close