fbpx
Вести

Како да препознаете дали навистина купувате црн леб или пекарите ве лажат?

Црниот или ‘ржан леб е посебно популарен меѓу луѓето кои се грижат за линијата и правилната исхрана. Таквиот леб би требало да се произведува од цело пченично или ‘ржано зрно, така што ги задржува важните хранливи материи.

kako da prepoznaete dali navistina kupuvate crn leb ili pekarite ve lazhat

 

При купувањето важно е да обрнете внимание дали црниот или интегрален леб навистина е црн или само додадена е карамела за потемна боја, која инаку не би требало да се најде во лебот.

Анонимен пекар кој е добро запознаен со боењето на лебот, тврди дека во црниот леб може да се додаде буквално сè. Од кафе, какао, вештачки бои па до црвено вино. Со оваа метода се служат пекарите кои сакаат да заштедат и да заработат од вас.

Како да го препознаете вистинскиот црн леб?

Во сад со вода ставете парче од средината на лебот. Ако лебот избели, а водата потемни, значи лебот е обоен.

Црниот леб е тврд, збиен и има поголема влажност од белиот.

Црниот леб не може да биде прозрачен и да биде еластичен.

Мириса многу поинаку од белиот.

Средината на црниот леб има поситни дупчиња и помал волумен.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close