вестиМакедонијаТоп вести

Како ќе се дели помошта за граѓаните во висина од 6.000 денари?

Државната помош од 6.000 денари за пензионерите, невработените и самохраните родители ќе се исплаќа директно на трансакциска сметка. Платежни картички нема да се печатат за да се спречи гужвата пред банките и да се заштити здравјето на граѓаните, но и за да се намалат трошоците, затоа што сега нивната изработка би била на терет на државата, вели министерот за финансии Бесими. Како ќе се контролира  дали оваа помош ќе се  употреби  за купување македонски производи , со цел да се помогне  домашната економија,  од Владата без конкретен одговор. Велат дека банките ќе бидат задолжени за тоа.Тие системи постојат во банките. Граѓаните ќе одат да купуваат со дебитните картички кои ги имаат, но во извешатјот на банката ќе стојат тие производи, кои веќе се евидентирани во пост терминалите. Банките кога ќе ја имаат фискалната каса, ќе имаат евиденција колку од производите се домашни. Тоа е посебно софтверско решение, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Фирмите пак, кои сакаат да користат државна помош за исплата на плати на вработените, имаат рок од 2 дена , односно до 10 овој месец, да поднесат барање до УЈП. Дали им следува и колку,  ќе им одговорат во рок од 3 дена. За да се спречат злоупотреби – газдите ќе одговараат кривично и ќе плаќаат до 10 илјади евра казна. Оние работодавачи кои веќе беа објавени дека ја изираа помошта за април и мај, се уште не одговаат пред законот

Тоа е сега во Јавно Обвинителство, ни побараа дополнителни информации. Ново е дека некои фирми блокиравме, а тие што сепак ја исплатија помошта ги одблокиравме, изјави сања Лукаревска, директор на УЈП

Јавноста ги чека листите и за газдите кои ја злопотребиле државната помош  во јуни . Од Владата нема податок колку компании и за колку пари го оштетиле буџетот и  дали и за нив се поднесени претставки до Јавното Обвинителство.

Извор:Скопјеинфо.мк

Слични написи

Back to top button
Close