Како ќе се движат цените на храната
Проекцијата за 2015 година покажува поголем пад на цените на пченицата и пченката во споредба со октомвриската проекција додека очекуваниот раст на цената на пченката минимално надолно отстапува во споредба со октомвриската проекција, соопшти Народната банка.
„Од друга страна, во 2016 година е извршена надолна ревизија на цените на примарните прехранбени производи на глобалниот пазар при очекувања за малку повисок пад на цената на пченицата, под влијание на солидната состојба во поглед на глобалната понуда, поволните услови за идната жетва и послабата побарувачка и понизок раст на цената на пченката, во услови на високи приноси, особено во САД и добри изгледи за новата жетва.
Од друга страна, во 2017 година се очекува дека цените на примарните прехранбени производи ќе остварат раст којшто ќе биде повисок во споредба со октомвриската проекција“, соопшти НБРМ.