Како правилно да ги измиете омилените чаши за вино

Миењето садови не е баш најомилената домаќинска задача во домот, но е секојдневна обврска што мора да се заврши.

Ако често пиете вино сами или во друштво, има неколку работи што треба да ги знаете за чашите за вино секогаш да ви сјаат.

Следете ги следниве едноставни совети и омилените чаши за вино ќе ви траат многу подолго:

1. Кога ги миете чашите за вино, не треба да ги фаќате за „дршката“ бидејќи ова е најчувствителниот дел од целата чаша. Фатете ја целата чаша внимателно и измијте ја.

Така нема голем ризик да ви се лизне и да ви се скрши.

2. Винските чаши не смеете да ги миете со врела вода. Врелата вода предизвикува пукнатини на стаклото, па затоа најдобро е да ги миете со млака вода.

Ако чашата е од кристал, врелата вода не може да ја оштети, но чашите од потенко стакло се почувствителни.

3. Не ги мијте чашите за вино со детергент кој има силен мирис. Овој мирис може да се измеша со мирисните ноти на виното, па виното да добие различен вкус.

Одберете детергенти со неутрален мирис.

4. По миењето, веднаш избришете ги винските чаши со крпа. Капките од вода може да остават дамки и наслаги на стаклото, па затоа по миењето избришете ги чашите со хартиена или памучна крпа.

Share Button