Бршленот е растение лазач, односно лијан. Тој има способност да се прилепува на различни видови подлоги и на овој начин да се шири по стеблото на дрво, на каменити подлоги, sидови или едноставно да лази прекривајќи ја земјата.
Бршленот (lat. Hedera helix) не припаѓа на паразитски лазачи и не го оштетува дрвото на кое се прилепува, но механички може да предизвика штета ако е целосно го обраснато. Расте во шуми, на земја и залепено на дрвја, на влажни места, покрај реки, на карпи. Овие се негови природни карактеристики, кои може да се користат за создавање на одлични ефекти во дизајнот на градината.
Покривач на тло
Ако градината има силно засенчена површина, без разлика дали сенката ја прават дрвја или објект, речиси е невозможно да се има добар тревник во тој случај. Решението може да биде зазеленување на површината со само неколку садници бршлен (една садница на 2 м2). За една сезона или две, целата површина ќе биде покриена со постојано зелени лисја и гранки за прилепување кои има бршленот.
Зелени sидови
Бршленот може да се користи за да се маскираат одредени објекти и да се создаде поубава зелена околина во градина, балкон или премин. Сè што треба да сторите е да ги засадите растенијата од бршлен во основата на површината и да ги насочите нејзините гранки со токи, јаже или бамбус стап и жица кон вертикалната површина. Веќе во текот на првата сезона, бршленот ќе се прилепи и ќе ги покрие површините.
Бршленот има способност да расти брзо и да ја покрива било која површина со своите гранки, а оградата е совршена поддршка за тоа.
Жива ограда
Самиот термин ограда не звучи живописно, но ако решиме да ја претвориме најобичната ограда од плетена жица или која било форма на друг материјал за оградување во жива ограда, тогаш бршленот е совршен избор. Бршленот има можност да расте брзо и да покрива која било површина со своите лепливи гранки, а оградата е совршена поддршка за тоа. Со мала помош, гранките многу брзо ќе се заплеткаат во жицата, така што ќе има многу стабилна и издржлива жива ограда во текот на целата година.
Зелени скулптури
Топиерните форми или украсните зелени фигури во градините, кои настануваат со долгогодишно режење, сега се лесно достапни со принципот „направи сам“.Може лесно да создадете скелет од посакуваната форма од разни материјали (жица, армирана мрежа, лајсни, суви гранки или камен) и да засадите бршлен во основата на уметничкото дело. Остатокот од работата, самостојно ќе го направи ова издржливо растение .
Зелени водопади
Без разлика дали одгледувате растенија во големи жардиниењри, на скали или едноставно на балконот, секогаш е препорачливо да имате некакво зеленило што ќе паѓа како водопад. Бршленот е совршен за тоа. Тој, исто така може да послужи како целогодишен зимзелен амбиент за сезонски цвеќиња