Календар за сточарство за месец февруари

(Oвој напис е објавен на: February 2, 2018)

goveda

Говедарска фарма
Времето во овој период е полошо и тоа наметнува кравите да бидат долго во
шталата. Важно значење за зачувување на здравјето на животните и добивање на
максимална млечна продуктивност е строго почитување на дневниот режим, одржување
на оптимални параметри на микроклимата во просториите (температура 10-15°С,
влажност 60-80%, брзина на движење на воздухот во зима до 0,3 m/s, јаглерод диоксид
до 0,3%, амонијак до 0,02 mg/l, хидроген до 0,01 mg/l, микроорганизми до 50 000 бр./m3).
Ова ќе се постигне преку одржување на добра хигиена, во просториите да нема
пренатрупаност со грла и да нема провев. Животните треба да се хранат со балансирани
оброци во зависност од продуктивноста, физиолошката и телесната состојба. Да не им се
дава замрзната храна, затоа што тоа е причина за појава на настинки и абортуси. Треба
да се отстранува старата храна, таа е штетна како за животните, така и за луѓето, бидејќи
токсините преминуваат во животинските производи. Исто така, на животните треба да им
се обезбеди постојан пристап до чиста вода за пиење, како и во многу студено време
водата треба да е млака. Треба да се користи секоја можност да се изнесат животните
надвор. Прошетката и движењето на чист воздух влијае позитивно врз здравјето и
продуктивноста.
Овчарската фарма

Периодот на јагнење е еден од најважните настани во овчарството. Од успешноста
на јагнењето во голема мера зависат приходите на одгледувачите на овци и тоа може да
се поистовети со жетвата во растителното производство. Не треба да се заборави дека
за постигнување на добри резултати е потребно претходна подготовка, вклучувајќи:
добро затворање на сите отвори (врати, прозорци), чистење и дезинфекција на
просториите со вар, покривање на подот со чиста и сува слама, градење на
индивидуални боксови, обезбедување на потребниот инвентар (поилки, хранилки,
светилки, цуцли), обезбедување на ноќни дежурства при започнување на јагнењето, чисти
крпи за бришење и сушење на јагнињата, чисти ножици и јодна тинктура за сечење на
папочната врвца,. Не треба да се заборави дека едно раѓање се одвива за 30-40 мин., а
ако има близнење појавата на близнак е за 10-15 мин. по првото. Укажувањето на помош
при јагнењето треба да се врши со строго почитување на хигиенските правила, а при
потешки случаи и да се побара ветеринарна помош. Не треба да се потценува грижата за
новороденото јагне која се состои во чистење на дишните патишта од плодовата вода,
стерилно сечење и дезинфекција на папочната врвца со јодна тинктура, сушење и масажа
на јагнето, преку лижење од страна на мајката или со бришење со чиста крпа и да го
исцица колострумот во 40 мин. по раѓањето. Потребна е грижа и за објагнетите овци –
треба да им се принеси топла вода за пиење, да се истриже волната околу вимето, да
исчистат загадените делови по раѓањето. 2-4 дена по раѓањето дажбите со храна се исти
како и претходно, После тоа, концентрираната сточна храна се зголемува, а сеното се
дава по желба, сочна храна треба да се вклучи во дажбите по 7-10 ден од раѓањето,
треба да се набљудува вимето да нема оток, црвенило, вишокот млеко да се молзи или
со него се храни уште едно јагне.

kozi

Козарска фарма

Во последните два месеци од бременоста потребата на козите од енергија,
протеини и минерални материи се зголемува значително, поради значителното
зголемување на плодот и потребата од акумулација на масти, кои ќе се користат како
телесни резерви во периодот на лактација. Затоа козите – мајки треба да се хранат со
балансирани оброци. За да се добие добра млечна продуктивност во следната лактација,
на животните треба да се обезбеди период на пресушување. За таа цел се врши
пресушување на мајките на околу 45-60 дена пред окозувањето, за да може да се обноват
млечните жлезди. При пресушувањето треба да се следат ги следните правила: да се
намали количеството на храната и да се исклучи сочната добиточна храна од дажбите.
Најсоодветна сточна храна во текот на овој период е сено со висок квалитет, за да
пресушат високо продуктивните животни треба да се исклучи од исхраната
концентрирана сточна храна од дневните дажби, треба да се намали количеството на
вода за пиење, животните треба да се пресушуваат постепено, така што во текот на 3-4
дена треба да се пропушти вечерното молзење, потоа животните треба да се молзат
еднаш во денот, а на крајот треба да се молзат еднаш во два дена. По пресушувањето
исхраната треба да се нормализира, но не треба да се заборави дека сеното треба да
остане главна компонента во дажбите. Во сушниот период може да се користи лисна
сточна храна, и со неа да се обезбедат до 30-40% од енергијата во дажбите, силажа до
40%, слама до 20%. Концентрираната сточна храна се дава во количина 0,200-0,500кг.


 

агенција.гов.мк