fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Kапиталните водостопански инвестиции во фокусот на Буџетот за земјоделството во 2022 година

Продолжување на започнатите проекти и изградба на нови системи.

Буџетот за земјоделството за 2022 година има развојна компонента со фокус на капитални водостопански инвестиции. Вупниот буџет, кој опфаќа неколку институции, изнесува 9,13 милијарди денари наменети за  основните буџети на МЗШВ, Платежната агенција, Агенција за поттикнување и развојот на земјоделство, Агенција за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управтаа за хидрометереолошки работи.

 

 

Заменик-министерот Трајан Димковски денеска на прес-конференција соопшти дека најголема сума во износ од 1,27 милијарда денари од буџетот на МЗШВ е наменет за Управата за водостопанство затоа што, рече, веќе неколку години го потенцираме значењето на обезбедување услови за развој на стабилно, конкурентно и модерно земјоделско производство.

 

 

 

 

-Тоа не е можно без вода. Затоа и во 2022 година продолжуваме со инвестиции во водостопанството кои опфаќаат продолжување на започнатите проекти и изградба на нови системи. Буџетот на МЗШВ за 2022 година споредено со 2021 е зголемен за 255,7 милиони денари и овие средства се главно насочени во водостопанството, односно 165,5 милиони денари од зголемената сума во буџетот за 2022 година се наменети за проекти за водостопански капитални инвестиции. Ова е логичен чекор креиран од потребата за стабилно наводнување и во насока на намалување на влијанието на климатските промени. Институции кои функционираат со сопствен буџет продолжуваат и во 2022 година со истиот буџет како и за 2021, истакна Димковски. 

Основниот буџет на МЗШВ за 2022 година е проектиран на 2,025 милијарди денари кои, како што рече, ќе овозможат континуитет во реализирање на мерките и политиките за развојот на земјоделскиот сектор.  

Останатите средства од буџетот на МЗШВ се наменети за инвестиции во земјоделство и руралниот развој, во износ од 279 милиони денари, потоа во шумарскиот сектор во износ од 223 милиони денари, од кои 197 милиони денари за шумската полиција, 28 милиони денари за програма за шумарство и ловство.https://nezavisen.mk/kapitalnite-vodostopanski-investicii-vo-fokusot-na-budzhetot-za-zemjodelstvoto-vo-2022-godina/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close