Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Каракашев – Тутунот под 600 денари за килограм е економски неодржлив
Ние се повикуваме на ставот на тутунарите во Прилеп кој јасно кажаа дека откупот под 600 денари за килограм е економски неодржлив, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.
од Националната земјоделска мрежа сметаат дека откупот под 600 денари за килограм е економски неодржлив.
-Со измените во Законот за тутун на откупните фирми им е дава дискреционо право да ја формираат цената притоа да не ги земаат во предвид реалните трошоци за производство. Ставот на Националната земјоделска мрежа е дека тутунот реално треба да се плати по просечна откупна цена од 600 денари за килограм. Ние се повикуваме на ставот на тутунарите во Прилеп кој јасно кажаа дека откупот под 600 денари за килограм е економски неодржлив, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.
Да потсетиме дека откупните фирми лани плаќаа 375 денари за килограм скапан тутун, а оваа година има екстра квалитетен тутун кој се откупува по истите цени.
-Ги повикуваме откупните претпријатија да ја коригираат цената во нагорна линија со што ќе се обезбеди континуитет во понатамошното работење и опстанок на оваа важна стопанска гранка за државата и егзистенција на голем дел на населението од руралните средини. Ако не ни се излезе на барањата за повисока откупна цена ќе се намали производството, а државата ќе изгуби огромни девизни средства кои ги добива од тутунот, посочи Каракашев.
Последните 10 години производството на тутун е намалено за повеќе од половина од 32 милиони килограми, сега произведуваме само 15 милиони килограми. Тутунарите велат дека ако продолжи ваквиот однос кон тутунарите и откуп по нереално ниски цени, освен без зеленчук и овошје, ќе останеме и без тутун.