fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Катастрофална состојба со откупот на оризот, Националната земјоделска мрежа со барања до надлежните

Откупната цена на оризовата арпа да биде минимум 35 денари за ситните сорти и 40 денари за крупните сорти оризова арпа.

Националната земјоделска мрежа алармира за катастрофалната состојба со откупот на оризот од реколтата 2025.

Националната земјоделска мрежа на 16.12.2025 год во Чешиново со дел од своите членови одржа кординативен состанок околу овогодинешната жетва и откуп на белото злато од Кочанскиот регион. На средбата беше истакната катастрофалната состојба со оризот како со задоцнета жетва поради задоцнетиот почеток на наводнувачката сезона од еден месец при што се пробија сите оптимални рокови за сеидба и за што ќе повикаме на одговорност.

Сето ова резултираше со катастрофални штети по оризот како по квалитет така и по квантитет. За иронијата да биде поголема откуп од овогодишната производна реколта може да се каже дека воопшто нема.

Односно, количините што се откупени се минимални по мизерни цени од 18 до 23 ден по кг откупена оризова арпа што е далеку под производните цени без прецизиран рок на исплата.

Во овој момент тече откупот за стоковите резерви по цена од 37 ден по кг. оризова арпа со одбиток од 10% и рандман од минимум 40 %.

Поради сите овие причини, Националната земјоделска мрежа изразува најостар револт и осуда за злоупотреба од страна на откупувачите и непочитувањето на законските прописи според кои оризот припаѓа во категорија на заштитени стратешки култури согласно Законот за земјоделие и рурален развој. Апелираме до надлежните, а посебно до Министерството за земјоделие, Инспекторатот, Агенцијата за стокови резерви веднаш и безусловно да се вклучат во решавање на откупот на оризовата арпа согласно надлежностите и обврските и одговорностите според позитивните законски прописи. Истовремено ја известуваме јавноста дека во присуство на ресорниот министер за земјоделие, директорот на Земјоделскиот инспекторатот, директорот на Агенцијата за стокови резерви на 17.12.2025 год. со присуство на оризопроизводители, наши членови, одржа состанок на кој беше побарано:

– Под итно да се изготви производна цена за оризовата арпа за производната реколта 2025 што е законска обврска на МЗШВ

– Јавно да биде објавен документот за утврдена производна цена и методологијата за истата

– Откупната цена на оризовата арпа да биде минимум 35 денари за ситните сорти и 40 денари за крупните сорти оризова арпа.

Државните институции итно да предложат решенија за откуп на оризовата арпа како стратешка култура,  доколку не се преземат и не понудат економско прифатливи и одржливи решенија, Националната земјоделска мрежа заедно со своите членови ќе ги примени сите легални и демократски средства кои ни стојат на располагање со единствена цел да се заштити макотрпниот труд и животната егзистенција на оризарите како многу битна социоекономска категорија на граѓани.

Со искрена почит Националната земјоделска мрежа, претседател Ѓорги Каракашев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close