вестиТоп вести

Ќе ги смалиме ли загубите и фрлањето храна во земјоделието и прехрамбената индустрија?

„Загуби, фрлање храна и банкарство со храна – како да ја спасиме храната?“, беше насловот на презентацијата која Банка за храна МК ја организираше на факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје. Презентацијата која се одржа во рамки на ВСС Ефект проектот финансиран од Европска унија имаше за цел да ги запознае студентите, вклучително и професорите со банкарството со храна кое ширум Европа и во земјата спасува стотици тони вишок храна и ги редистрибуира до сиромашните граѓани.

Дел од презентацијата беше посветен на различните причини заради кои настануваат загубите и фрлањето храна и активностите на Организација за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО) за намалување на загубите и вишокот храна. Заради поголема мотивација на студентите, за да се вклучат во акцијата на Банка за храна, вклучително и акцијата на ФАО и прехрамбениот технолог, Мириам Анет, инаку консултант за загуби и фрлање храна при ФАО, поканети беа и двајца производители на органска храна, Милица и Васил Петрушевски, кои со својата приказна за аквапонско фармерство и бизнис пристап, им покажаа на студентите дека земјоделието и производството на храна може да биде успешен бизнис кој нема да создава отпад, ќе има минимални загуби и ќе создава добар профит.

ВСС Ефект е тригодишен проект кој го спроведуваат Банка за храна МК, Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ- Словенечка Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА). Проектот е финансиран од ЕУ.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close