fbpx
ВестиТоп вести

Ќе останеме без свињи во државата?!

Сите кланици имаа обврска во рок од пет дена да ги исплатат фармерите кои заедно со свињите ќе донесат комплетна документација. Целта на оваа мерка за допопулација е да се превенира, а фармерите да бидат соодветно обесштетени

 

Сите свињи од индивидуалните фарми во државата кои не ги исполнуваат основните биосигурносни мерки ќе бидат заклани, а сточарите ќе бидат обесштетени. Целта на оваа мерка која ја донесе АХВ е да се намали ризикот од африканска чума, но и максимално да се искористи економскиот бенефит од преземањето и колењето на грлата.
Како што информираше Гоце Трајчев, претседателот на Групацијата за производство на месо и производи од месо при СКМ уште вчера беше натоварен првиот камион со свињи за колење. Сите кланици имаа обврска во рок од пет дена да ги исплатат фармерите кои заедно со свињите ќе донесат комплетна документација. Целта на оваа мерка за допопулација е да се превенира, а фармерите да бидат соодветно обесштетени.
-Обесштетувањето оди од три институции, откупот ќе биде исплатен од страна на преработувачите-кланици, според пазарната цена која е договорена со АХВ, остатокот до вредноста на пазарната цена ќе биде доплатена од АХВ и дополнителна субвенција од МЗШВ од 3.000 денари. Целта е да се превенира, а оние кои ќе продолжат да функционираат да продолжат на здрави основи, односно со примена на биосигурносни мерки, истакна Трајчев.
Според Илија Георгиев од АХВ рече дека Агенцијата направила категоризација на сите фарми во државата, а на мерката за депопулација ќе подлежат само малите фарми кои не ги исполнуваат основните биосигурносни мерки.
Свињите ќе се откупуваат според упатството и ценовникот што го има донесено АХВ, усогласен со цените на домашниот пазар. За расна маторица ќе се исплаќаат 24.000 денари по грло, за мелези 16.000, додека за расна маторица со неодбиени прасиња 30.000 денари, а за мелези со неодбиени прасиња 22.000 денари. За гоеници тешки 80-120 килограми се предвидени по 100 денари за килограм, за гоеници над 120 килограми по 80 денари за килограм, за расни нерези 24.000 денари по грло, а за мелези 16.000. За расни назимки ќе се плаќаат 170 денари за килограм, а за мелези 120 денари. За прасиња тешки 10-25 килограми ќе се даваат 170 денари по килограм, а за прасиња од 25 до 80 килограми 120 денари по килограм. Ова се всушност пазарните цени, цените на сточните пазари, по кои ние ќе ги откупуваме свињите од домашните фарми.
-За секое грло се издава здравствен сертификат од ветеринарното друштво и се изработува записник за вредноста на свињите кои се потпишува од сопственикот, од официјалниот ветеринар и од претставник на кланичната индустрија. Изготвено е и барање за надоместот кое ги содржи податоците за надоместокот и трансакциската сметка, а сумата најдоцна за пет дена треба да им биде исплатена на сопствениците, рече Георгиев.
Ефтим Шаклев, претседател на Групација за производство на свинско месо при СКМ вели дека фармерите се задоволни со оваа мерка, бидејќи вкупната сума која ќе ја добијат за товеница од 100 килограми заедно со субвенцијата од 3.000 ќе изнесува 13.000 денари.
Се очекува во државата да бидат заклани помеѓу 15.000 и 18.000 грла, а месната индустрија има капацитет да обработи повеќе од половина од месото кое ќе се добие од свињите.

извор: Вечер.прес

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close