fbpx
ВестиМакедонија

Ќе поскапат сувомесните производи ако не се дозволи увоз на 6.400 тони замрзнато свинско месо

Освен ценовен шок за домашните потрошувачи, може да се очекува и згаснување на некои од преработувачките капацитети

– Месната индустрија најавува драстични поскапувања ако Владата за максимум еден месец не ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, освен ценовен шок за домашните потрошувачи, може да се очекува и згаснување на некои од преработувачките капацитети. Отпуштања засега нема, велат преработувачите и додаваат дека ако се исполни нивното барање за враќање на моментно преполовените количини за увоз, сите вработени ќе бидат задржани. -Месната индустрија не бара субвенции од државата, туку изедначување на условите за стопанисување, со оглед дека оваа суровина целосно ја увезуваме од ЕУ каде нема царина. На тој начин, домашната месна индустрија ќе може да опстои и да го задржи постоечкото ниво на производство, нема да има отпуштање на вработените и не би биле на товар на државата, истакна претседателот на Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанаскта комора на Северна Македонија, Гоце Трајчев.
https://opserver.mk/biznis/kje-poskapat-suvomesnite-proizvodi-ako-ne-se-dozvoli-uvoz-na-6-400-toni-zamrznato-svinsko-meso/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close