Ќе се гради нов хидро систем за наводнување на новачко поле

(Oвој напис е објавен на: June 6, 2019)

Општина Новаци е еден од 8 те региони во државата каде со помош на европски пари ќе се изгради систем за наводнување.  Иницијативата за овој хидро систем е уште од пред три години, со цел да се реши еден долгогодишен проблем со наводнувањето на дел од земјоделските површини во новачко поле. Со овој систем се предвидува да се задоволуваат потребите  за наводнување на површина од 400 ха, на потегот меѓу селата Добромири и Новаци.

Станува збор за проект: Мали ниско буџетни,  еколошко прифатливи системи за наводнување: избирање на локација и подготовка на целото тендерско досие за изградба. Вкупната вредност на истиот ќе чини околу 1,5 милиони евра грант од ИПА програмите, информира Стевче Стевановски, дипломиран инженер агроном,  координатор на проектот во општина Новаци.

Реализацијата на овој проект ј е од исклучителна важност за жителите од овие населени места, чија што основна дејност е земјоделското производство  и  ќе овозможи земјоделците од овој регион да бидат поконкурентни на пазарот.

-Според проектот предвидено е да се користи водата од акумулацијата Суводол, која во минатото се користеше за потребите на електраната РЕК Битола.  Ќе се изврши рехабилитација на главниот цевковод кој се користеше за снабдување со вода на термо  електраната, а ќе  следи и   изградба на примарни и секундарни цевководи, со цел да се донесе техничка вода за наводнување и до најмалата парцела на секој индивидуален земјоделец, информира Стевановски.

Од страна на земјоделците  постои голем интерес за реализацијата на овој проект. Во наредниот период жителите  чии што земјоделски површини ќе ги опфаќа овој систем за наводнување, ќе треба да дадат  согласност за неговата реализација. Жителите нема да бидат оптоварени  со  никаков финансиски товар а благодетите ќе им бидат многу големи.

Во овој период интензивно се работи на изработка физибилити студујата и за месец до два ќе биде завршена истата.

За таа цел беше реализирана средба од страна на конзорциумот, кој ќе работи на изработка на целокупната техничка документација составен од три компании , Eptisa (Шпанија), Temelsu (Турција) и PointPro (Македонија), како и претставници на земјоделците.

Од кога целосно ќе биде изграден  и ставен  во функција овој хидро систем, истиот ќе му биде даден на стопанисување на директните земјоделски производители. Начинот на стопанисување ќе го врши Здружение или задруга што ќе ја формираат самите земјоделци. Во рамките на тоа стопанисување, земјоделците ќе одлучат околу цената , наплатата  на потрошената вода како и одржувањето на системот.