fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ќе се укине ли ДДВ-то за струјата за да се намали ударот врз граѓаните и компаниите?!

Експертите сметаат дека треба да се укине и ДДВ-то за компаниите кое во моментов изнесува 18 отсто.

Да се укине ДДВ-то за струјата за да се намали ударот од поскапувањето на струјата врз граѓаните и компаниите. Ова решение неодамна го предложија експертите, а вчера и од партијата Алијанса на Албанците излегоа со сличен предлог за намалување на ДДВ од 5 отсто за граѓаните. И од опозицијата сметаат дека со ДДВ-то за струјата кое ќе се враќа етапно ударот по семејниот буџет ќе биде уште поголем. Оттаму предупредуваат дека за шест месеци кога ДДВ-то ќе се врати на 10 отсто можно е ново зголемување на цената на струјата.

Експертите, пак сметаат дека треба да се укине и ДДВ-то за компаниите кое во моментов изнесува 18 отсто.

-Секако дека поскапата струја најмногу ќе ја почувствуваат граѓаните. За да се ублажи ударот од повисоките сметки за струја предлагаме да се укине ДДВ-то за струјата кое во моментов изнесува 5 отсто за домаќинствата и 18 отсто за компаниите, изјави претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков.

Инаку, Владата минатата година ДДВ то на струјата за домаќинствата го намали од 18 на 5 отсто, а годинава планира да го врати на 10 отсто кое заедно со повисоките сметки за струја и со укинувањето на дневната евтина тарифа дополнително ќе ги осиромаши македонските граѓани.

Од опозицијата предупредија дека за шест месеци кога ДДВ за струјата ќе се врати на 10 отсто можно е повторно да има зголемување на цената на струјата. Оттаму посочуваат дека ова поскапување ќе ги чини граѓаните уште две нови сметки на годишно ниво.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close