
Агро бизнисВестиТоп вести
Килограм јагоди -150 денари
Бидејќи се уште е студено кај нас јагодите се произведуваат под пластеници, а големи површини под ова пролетно овошје има од излезот на Скопје до Тетово.
Едно македонско семејство според статистиката во просек годишно купува над 2 килограми јагоди. Бидејќи домашното производство не е доволно, во 2023 година Македонија увезла над 590 илјади килограми свежи јагоди и за тоа се потрошени околу 570 илјади долари. Најмногу јагоди сме увезле од Албанија, Грција, Холандија и Австрија
На канче 70, на килограм 150. Првото пролетно овошје – јагодите веќе се нудат на повеќе тезги на зелените пазари и нивната цена за една недела се симна за 50 отсто. Земјоделците велат дека најсигурно е јагодите да се купуваат од април до јуни. Бидејќи се уште е студено кај нас јагодите се произведуваат под пластеници, а големи површини под ова пролетно овошје има од излезот на Скопје до Тетово.