fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кире Станкоски-Откупен е половина од договорениот тутун по просечна цена од 197 денари за килограм

Откупот на тутунот се одвива непречено и без застој, потврдуваат од Тутунскиот комбинат – Прилеп.

Откупот на тутунот се одвива непречено и без застој, потврдуваат од Тутунскиот комбинат – Прилеп. Според директорот Кире Станкоски, досега се откупени половина од договорените количества по просечна цена од 197 денари за килограм.

Дел од производителите реагираат дека откупната цена е ниска, а шест градоначалници и четворица пратеници од Пелагонискиот регион минатата недела најавија официјално барање до Парламентот за промена на Законот за тутун поради увозот и неможноста на државата да има контрола во откупот.

-Откупот се одвива непречено, без проблеми и оспорувања. Досега се откупени половината од договорените количества од околу 3 000 тони. просечната цена е  197 денари за еден килограм. Во зависност од тоа каков квалитет на тутунот кооперантите носта за откуп, таква е цената и се надеваме наредниов период просечната цена ќе се зголеми. нема оспорувања на процената и нема проблеми, вели Станкоски.

Дел од тутунарите, особено од новоформираните тутунски здруженија, остануваат на ставот дека и покрај квалитетната реколта, откупната цена е ниска.https://nezavisen.mk/otkupot-na-tutunot-se-odviva-neprecheno-proizvoditelite-reagiraat-za-cenata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close