
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Ќе се обесштетат земјоделците од Василево, вели министерот Трипуновски
Комисиите ќе излезат на терен нема да го чекаат крајниот рок до 20-ти мај кога треба да заврши повикот за пријавување на штети
Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето во општина Василево, објави министерот Цветан Трипуновски.
Веќе се формирани Комисии за процена на штета. Тука морам да кажам дека министерството со стручни луѓе од Подрачната единица учествува во овие Комисии се со цел проценката да се изработи стручно.
Јавниот повик за пријавување на штета веќе тече, првичните барања веќе се пристигнати.