
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести
Кланичарите ветуваат дека ќе ги откупат јагнињата
Трипуновски денес на средба со кланичарите - откуп на јагнето е закочен два месеци
Министерот Цветан Трипуноски денеска објави – Денеска заедно со Операторите на производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло (кланиците) и регистирани откупувачи на јагне на моја иницијатива разговаравме за претстојниот откуп на јагнето.
Добивме ветување дека ќе биде откупено целото јагне кое е на располагање. Во наредниот период кланиците и регистрираните откупувачи ќе отпочнат/продолжат со откуп.
Ние како министерство го следиме процесот, во наредните денови ќе имаме состанок и со одгледувачите на овци на истата тема. Уште пред да започне сезоната за откуп го превенираме, мониторираме целиот процес за да делуваме синхронизирано.