fbpx
Вести

Климатските промени прават штети во сточарството

Од климатските промени страда и сточарството. Продуктивноста на млекото во летниот период поради високите температури и жештините може да биде намалена и до 30 проценти. Прилагодувањето на фармите за поголема вентилација или вградувањето на системи за разладување според досегашното искуство во практиката даваат позитивни резултати, велат експертите.

За да ја одржат продуктивноста на добитокот сточарите ќе мораат да се прилагодат на климатските промени.

Болестите син јазик и јазлеста кожа кои досега ги немаше на нашето поднебје, поради изменетата клима се повеќе ќе бидат присутни поради што мора да се реагира превентивно и навреме, предупредуваат експертите.

Исто така поради високите температури млечноста кај кравите паѓа и до 30 проценти, но со примената на одредени мерки за прилагодување може да се зголеми за 8 до 25 проценти.

Во зависност од финансиската можност, пожелно е фармерите да преземаат мерки за разладување на просторот со засенчување или поставување современи системи за регулирање на температурата во фармата.

Науката предлага и подобрување на расната структура, воведување специфични режими на исхрана и подобра здравствена заштита на добитокот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close