fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кочански „Водовод“ ќе произведува компост

Откако пред две години сламата од оризовите полиња почна да се собира и да се користи во процесот на прочистување на отпадните води во станицата во селото Мојанци, како краен продукт се добива компост.

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани почна постапка за дополнување на дејноста на своето работење и ќе регистрира производство на органско ѓубриво за земјоделска намена.

Откако пред две години сламата од оризовите полиња почна да се собира и да се користи во процесот на прочистување на отпадните води во станицата во селото Мојанци, како краен продукт се добива компост.

-Во регистрираните дејности на работење на нашето претпријатгие ја додаваме шифрата со број 38.32 – „обновување на посебно издвоени материјали“, со што правиме и измена на Статутот. За да можеме компостот да го нудиме како готов производ, обврзани сме да обезбедиме соодветни дозволи, што го наметна ова дополнување за кое согласност даде и Советот на Општината, како негов основач. Сламата се користи во процесот на филтрација на фекалните води од градската канализација, односно таа се меша со отпадна тиња и дневно се добиваат по околу 26 кубни метри висококвалитетен компост. Како нуспроизвод од ферментацијата се добива и метан, што заедно со поставените соларни панели служи за затоплување и за производство на електрична енергија, истакна Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.

Собирањето и компостирањето на сламата е една од мерките за заштита на животната средина во Кочанско, бидејќи земјоделците ги палат остатоците од жетвата на оризот со што, освен испуштањето штетни материи од чадот, се уништуваат и хранливите материи во почвата.

Според стручните пресметки, од жетвата на оризот во регионот се добиваат околу 4,6 тони слама по хектар. Во сточарството годишно се искористуваат близу 8,5 илјади тони, а остатокот од над 11 илјади тони е слободна биомаса. та/вг/

Кочани, 27 јули 2021 (МИА)

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close