После жетвата на маслодајната репка и сламените житарки, нивите не е препорачливо да останат необработени.
На ораниците согласно својствата на одредени парцели, може да се примени, некоја од летните агротехнички мерки, насочени кон подобрување на земјиштето: напрашување, поткопување, калцизација, сидерација (зелена гноидба), мелиоративна гноидба.
Сеењето на пострните култури, може да има цел, на иста парцела да се направат две берби (жетви) годишно, или дополнителниот насад да се искористи за зелено гноење. Опременоста со соодветна опрема и земјоделска механизација, за соодветното земјоделско производство со кое земјоделецот се занимава, најчесто го одредува и изборот на културите за дополнителна сеидба. Домаќинствата ориентирани кон сточарство, најчесто се одлучуваат за пченката. Освен пченката, од земјоделските култури, може да се посеат и: сојата од најраните групи на дозревање, сточна храна, сточен грашок и други видови. Зеленчукови култури, кои може да се посеат, како дополнителни култури се цвеклото и гравот мешункар, а садењето на доцните видови зелки, на ораниците вообичаено е, после жетвата на сламените житарки.
Во нашите производни услови, доколку не постои можност за потопување, дополнителната сеидба е ризична. Најважни услови за донесување на одлука за дополнителна сеидба се влажноста и температурата, но и својствата на почвата. Недостатокот на влажност и високите температури, придонесуваат за брзо сушење на површински засеаниот слој, при што го отежнуваат ртењето и никнувањето на посеаните култури. Предност има земјиштето со високо ниво на подземни води, како и парцелите покрај река или поток.
Дел од предностите на сеидбата на дополнителните култури се:
- Создавање на органски материи во почвата
- Снабдување на насадите кои ќе следуваат после дополнителните култури, со азот и други хранливи материи
- Спречување на испирањето на лесно растворливи хранливи материи од почвата
- Покриеност на земјиштето (придонесува за подобрување на структурата на почвата и ја намалува ерозијата)
- Мобилизација на хранливите материи од долните во горните профили на земјиштето
Пострните/покривни култури можеме да ги поделиме во две основни групи:
- Мешунки (легуминози)
Мешунките на коренот формираат грутки кои го фиксираат азотот од возухот и го претвораат во искористлив облик за растенијата. Подоцна, тој азот останува достапен на културите кои се одгледуваат после орањето на мешунките во земјиштето.
- Други видови
Растенијата кои не припаѓаат на групата на мешунки, може да се користат за искористување на вишокот на азот од претходните култури, како и за дополнување на фосфор и калиум за следните култури. Тие растенија не го фиксираат азотот, но придонесуваат за изградување на органски материи во почвата и го спречуваат испирањето на хранливите материи. Како пострни – дополнителни култури во оваа група, најчесто се користат: житарки (рж, пченорж – triticale), сточна трева, суданска трева и сточна храна, зелки (сточна репка, маслена роквица и сл).
Агротехника при пострна сеидба
Сите агротехнички мерки мора да се извршат во што е можно пократок период, поради искористување и зачувување на земјината влажност. Веднаш после жетвата, земјата треба да се изора. Истиот ден, треба да се изврши и дополнителна (предсеидбена) обработка. Сеидбената стапка кај сеидбата на пострните култури е за 10 до 30% поголема, во однос на главното време на сеидба, затоа што се очекуваат значително поголеми губитоци во временската рамка од сеидбата до никнувањето.
После сеидбата (зависно од влажноста на земјиштето), се препорачува валање на земјиштето со ребрест валјак, заради подобар контакт на семето со честичките од почвата, што е особено важно за никнувањето на видовите на ситно семе. Поради малите приноси кои се добиваат од пострните култури, прихранувањето (ѓубрењето) е скромно, а за некои пострни култури дури и не е потребно (на пример при одгледување на хељда).
Најважна е азотната прихрана. Количината на азотно ѓубриво, изнесува помеѓу 30 и 60 кг на хектар, зависно од пострните видови и очекуваниот принос. Доколку преткултурата била зимна житарка, чии жетвени остатоци сме ги внесле во земјиштето, количината на азот треба да се зголеми за околу 20 до 30 кг/ха. Земјоделските фарми кои се занимаваат со сточарство, може пред обработката, земјиштето да го наѓубрат со гној и на тој начин да го заменат користењето на минералното ѓубриво.
Многу е важно, културите наменети за зелена гноидба, навремено да се заораат, а тоа е во време кога културата развива доволно зелена маса, но не подоцна од цветната фаза. Постарите растенија, кои веќе започнале да формираат плодови и семе, побавно се разградуваат во почвата. Се препорачува, бујниот и висок насад да се иситни, да се остави да овене, а потоа да се изора. Зависно од временските услови, топлината и механизацијата, на секое земјоделско семејство, можат да се направат две орања: првото, плитко, површинско, а потоа, после една недела и на полна длабочина. Со тоа, се постигнува подобар распоред и разградување на растителната маса во земјиштето. Заорувањето на зелената маса, треба да се изврши 2-3 седмици пред седибата на главната култура. Заорувањето на дополнителните култури има поволно дејство на тешките, но и песокливи земјишта, а посебно се препорачува за оние земјоделски производители кои своите површини со години ги прихрануваат само со минерални ѓубрива.
Видови соодветни за дополнителна сеидба, наменета за зелено ѓубрење (сидерација):
Сточна репка (Brassica campestris) – добро ја поднесува зимата.
Сточна храна – семе од репка (Brassica napus) – претставува одлична преткултура, затоа што ораницата ја остава чиста и со голема количина на органски материи. Добро развиениот коренов состав обезбедува добра снабденост на земјиштето со воздух и хранливи материи.
Бела горчливка – Sinapis alba – има силен коренов состав со многу коренови влакна кои создаваат отпорност на суша. Кај прераната сеидба, растението брзо влегува во фазата на цветање. Наменета е, првенствено за зелена гноидба. Многу е отпорна на ниски температури, така што може да се одгледува и во области со поголема надморска височина. Го намалува загадувањето на земјиштето со нематоди, така што им се препорачува на производителите на шеќерна репка и компир.
Маслена роквица (Raphanus sativus var. oleifera)
Маслената роквица е вид кој брзо расте. Настанала со мешање помеѓу маслодајната репка и роквицата. Добро ја поднесува сушата и често се користи за пострна сеидба. Не ги поднесува зимските мразеви, така што напролет не се јавува како плевел. Го спречува развојот на нематодите.
Хељда (Fagopyrum esculentum)
Хељдата никнува брзо (во поволни услови за 4-6 дена) и има брз почетен пораст, така што брзо ја покрива површината, а со тоа и изникнатите плевели. Има скромни барања, во однос на плодноста на земјиштето. Во пострниот рок треба да се посее, најдоцна до 20 јули. Приносот на зрното, многу зависи од присуството на опрашувачите (пчелите).
Мешавината може да се состои од неколку избрани култури, прифатливи за еколошкото значење на површината, во различен размер. Длабочината на сеидбата треба да се прилагоди, зависно од состојбата на земјиштето, првенствено имајќи го предвид и неговиот механички состав. Количината и длабочината на сеидбата зависи и од видот и потребите на одредени сорти, како и од составот на смесата. Зависно од составот на мешавината, сеидбата, понекогаш невозможно е да се заврши одеднаш. Клучни за таквата одлука се големината и обликот на семето.