fbpx
ВестиМакедонија

Која индустрија во Источна Македонија направи профит поголем од 40 милиони евра?

Македонските рударски компании и лани во рестриктивните услови на стопанисување остварија солидни резултати.

Да се мери БДП само за регионот на Источна Македонија, веројатно ќе доведе во заклучок дека рударството е клучната индустриска гранка на која почива посиромашниот дел на државата. И голем дел тој БДП го создале три фирми (поседувани од странци) кои лани заедно направиле профит од речиси 42 милиони евра! 

Македонските рударски компании и лани во рестриктивните услови на стопанисување остварија солидни резултати. Најсупешните три друштва во источна Македонија се рударските компании кои заедно остварија речиси 150 милиони евра приходи од продажба и профит од 41,6 милиони евра. Споредбата со претходната 2019 година покажува дека и приходите и профитот на ниво на гранка се намалени лани, но сепак индустријата држи ниво. Многу е интересно тоа што овие резултати се постигнати во услови на раст на цените на металите на светските берзи кои во значајна мерка се предизвикани од: излезот од рецесијата на Кина – најголемата светска национална економија и рапидниот раст на обемот на нарачки за градба на прекуокеански товарни бродови. 

Најголема и најуспешна компанија во Источна Македонија и лани беше Саса рударско друштво со седиште во Македонска Каменица и најбогатото македонско наоѓалиште на оловно – цинкова руда. „Саса“ лани создала приходи вредни 80,2 милиони евра што е 17 отсто помалку од претходната 2019 година. Профитот на „Саса“ лани изнесувал 24,4 милиони евра што е фантастичен резултат иако има пад од 41 отсто во споредба со 2019 година. Охрабрувачки вести за рударството во Каменица носи фактот дека во првиот квартал година светските берзански цени на оловото растат за 12,5 отсто, а на цинкот за 10 отсто.

Овие ценовни трендови треба да ги охрабрат и сопствениците на пробиштипско-кривопаланечките рудници БулМак (поранешни „Рудници Злетово“ и“Тораница“). Оваа компанија лани од продажба оствари приход во износ од 24,6 милиони евра што е на исто ниво како и претходната година. Добивката од работењето лани, за сопственикот „Минстрој Холдинг“ изнесува 3,9 милиони евра и е за 28 отсто помала од 2019 година. 

Радовишкиот гигант „Бучим“ лани од продажба на бакарен концентрат инкасирал 43,6 милиони евра што е за 13 отсто помалку од претходната година. Добивката бележи пад, но тој е минимален и е 8 отсто. Профитот изнесува 13,3 милиони евра што е повеќе од добар финансиски резултат. Најдобра вест за „Бучим“ и неговите сопственици „Солвеј Индустрис ЛТД“ и „Солвеј Индастрис Ести “ е тоа што цените на бакарот на светските берзи за првиот квартал постигна раст на цените за над 35 отсто.https://faktor.mk/-koja-industrija-vo-istochna-makedonija-napravi-profit-pogolem-od-40-milioni-evra

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close