fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Колку пари даваме за струја од малите хидроцентрали?

Малите хидроцентрали од сите нас наплатија 90 милиони евра.

За произведени 1,1 милиони мегаватчасови за десет години работа (за споредба Македонија годишно троши над 6 милиони мегаватчасови струја) малите хидроцентрали од сите нас наплатија 90 милиони евра. Сите се приватни инвестиции со загарантирана цена на струјата на период од барем 20 години и немаат никаква балансна одговорност. Екологистите и јавноста воопшто се се погласни дека нивното однесување и влијание врз природата најблаго речено е неприфатливо

Потресни слики од уништување на шума, водотеци и мали реки, животниски и растителен свет при изградба на нова мала хидроцентрала на скопска Маркова Река. Еколозите алармираат дека природата се уништува затрупувајќи водотеци за пробивање пат до локацијата на која ќе се гради нова мала хидроцентрала. Екологистите се на нозе. Уште еден приватен објект за производство на струја која ќе се плаќа со народни пари по загарантирана цена во наредните дваесетина години!

И каде е тука народниот интерес? Приватни инвеститори добиваат државни концесии и загарантирани цени на струја под превезот дека станува збор за зелена енергија. Колку енергија? Многу малку. По кои цени? Па……. ги имате на сајтот на Регулаторната комисија за енергетикана следниот линк https://erc.org.mk/pages.aspx?id=157

Најбројни меѓу нив се најмалите хидроцентрали кои пак имаат и највисоки цени за предаден мегаватчас струја – загарантирани 80 евра за мегаватчас за цело времетраење на концесијата, барем 20  години во зависност од концесијата.https://faktor.mk/pravat-pustosh-a-plakjame-za-niv-kolku-pari-davame-za-struja-od-malite-hidrocentrali

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close