fbpx
Вести

Колку придонесоа субвенциите за развој на земјоделството – разговор со министерот Николовски во Студио 1

Гостин во отвореното Студио 1 на телефонска линија со граѓаните беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој зборуваше за состојбите во аграрот. Како што објасни, Владата има обезбедено средства за субвенции, а во наредната година ќе се доделуваат принципиелно.

-Најголемата критика според сите истражувања и анализи кои треба да ни послужат за постепени промени беше дека субвенциите немаат ефект, односно не се прилагодени на заедничката европска политика или не даваат доволно ефект затоа што не се навремени, се селктивни, односно производителите не ги добиваат тогаш кога им се потребни, рече Николовски.

Станува збор, како што рече, за 110 милиони евра директна поддршка и околу 35 милиони евра во рамките на Програмата за рурален развој, за навремена и целосна исплата во 2019.

Целиот разговор погледнете го во видеото.


 

1tv.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close