вестиМакедонијаТоп вести

Конференција: Построги прописи во шумарството и засилени инспекции против бесправната сеча и нелегалната трговија со дрво

Земјава мора да воведе построги прописи и да го зајакне инспекцискиот надзор ако сака да се справи со бесправната сеча и нелегалната трговија со дрво, беше речено на денешната регионална конференција на која претставници од Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово, вклучително и Македонија, дебатираат за справувањето со овој глобален проблем.

Вкупно 27.409 метри кубни од македонските шуми се бесправно исечени во 2019 година, а поднесени се 602 пријави од кои 518 прекршочни и 84 кривични. Од друга страна, произведени се 93.450 метри кубни техничко и 410.467 метри кубни огревно дрво или вкупно 503.925 метри кубни.

Овие последни податоци укажуваат дека дивата, бесправна, нелегална сеча е се уште најголемиот проблем за шумите. Но, со него не се соочуваме само ние, туку предизвикот е светски, во глобални рамки.

Државите од регионот, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово, вклучително и Македонија, на регионална конференција во Скопје разменуваат информации, искуства, знаења и практики во насока на надминување или барем ублажување на проблемот со нелегалната сеча и трговијата со дрво и дрвна маса.

Заеднички е ставот дека за интегрална заштита на шумите, потребен е целосен, интегриран пристап на сите засегнати страни.

Како што беше речено на конференцијата, ЕУ лани обезбеди грант од 1,3 милиони евра за проект кој треба да го зајакне управувањето со шумарскиот сектор во Севрна Македонија. Проектот ќе почне да се имплементира во втората половина од 2020 година.

Конференцијата ќе трае и утре, а учествуваат претставници и експерти од регионот и ЕУ.

Извор:Сител

Слични написи

Back to top button
Close