Пресадување на готовиот расад
Готовиот расад произведен во текот на зимските месеци во месец февруари во регионите каде што подоминантно се произведуваат пролетни раноградинарски култури веќе се пресадува. Наша препорака е при подготовката на почвата на која ќе се засади расадот на затворено истата да се истретира со Тераграмин во количина од 2 кг/м2 на следниов начин: откако механичката обработка на почвата е завршена и основното ѓубриво е нанесено, се расфрла рамномерно по целата површина Тераграмин и се внимава да се нанесат 2 кг на м2. На помали површини Тераграмин може да се нанесе рачно со негово растурање во редовите за садење, а кај поголеми површини, Тераграмин се нанесеува со ѓубре-растурач.
Потоа се врши фрезирање на почвата за да се внесеТераграмин-от, како и основното ѓубриво во корисниот слој. Со овој начин на подготовка на почвата се постигнуваат оптимални услови на почвата и таа е подготвена за пресадување на расадот. Подлогата на која ќе се пресадува расадот ќе има подобрена физичка структура, зголемен капацитет за апсорпција на водата и растворените ѓубрива и подобро искористување на истите од страна на растенијата, а ќе биде зголемена и аерацијата и температурата на почвата. Сето ова ќе придонесе за подобро адаптирање на расадот на новата средина и отпорност на биотски и абиотски шокови, побрз раст и развој, зголемен принос и квалитет на крајниот производ.
Подигање нови овошни насади
Овој период од годината во нашите краишта се користи и за подигање на нови овошни насади. За земјоделците кои ќе подигаат нови овошни и јаткасти насади битно е дазнаат на кој начин правилно да го применат Тераграмин при садењето. По садно место се употребуваат 0,5 кг во самата дупка, заедно со ѓубривото, а 2,5 кг треба да се измешаат со почвата за затрупување. Тераграмин-от употребен на овој начин ќе ја разровка земјата и ќе му овозможи на растението под обровкоренување.
Поради својството на Тераграмин да апсорбира 60% течност, ќе овозможи подобра снабденост и искористување на влагата и хранливите елементи од ѓубривата и ефектот ќе се забележи на растот и развојот на садниците. Доколку садниците се веќе посадени, се третираат со Тераграмин на начин што се окопува околу растението и се формира прстен во кој се ставаат 5 кг Тераграмин и се затрупува со земја. Тераграмин може непречено да се користи и за третирање садници при органско одгледување.