fbpx
ВестиТоп вести

Користењето на пасиштата ќе се врши по нов Закон за пасишта

 

Измените и дополнувањата на Законот за пасишта тема на разговор меѓу министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на   Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта Љурзим Фејзулаи.
На работниот состанок  се разговараше за измените и дополнувањата на Законот за пасишта, во насока на нивно порационално искористување како добро од општ интерес. Уредувањето на законот ќе допринесе за остварување на целите на вкупната земјоделска политика која ја води Владата на Република Северна Македонија.
Со измените на законот се очекува преку транспарентна постапка да се овозможи правилна распределба на користење на пасиштата, што не беше регулирано со досегашните законски решенија, објавено е на ФБ профилот на Министерството за земјоделство.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close