fbpx
ВестиТоп вести

Косово ја дигна царинската рампа за нашите земјоделски производи

Косово ја дигна царинската рампа за сите македонски земјоделски производи. На денешната седница косовската Влада во целост ја укина одлуката за зголемените царини за 30 отсто за 21 наш производ. Оваа вест на министерот за економија Бектеши телефонски му ја пренел неговиот косовески колега Хасани. Бектеши е убеден дека одлуката ќе почне да важи веќе од утре, откако претходно косовските власти ќе испратат официјално писмо до нивните царински служби.

Косово оваа заштитна мерка ја воведе на 18 месецов, а по бројни реакции одлучи да ги симне повисоките царини само за одредени производи, но не и за седум најбитни за нас, меѓу кои доматите, пиперките и грозјето, кои имаат сезонски карактер и опфаќаат најголем дел од нашиот извоз во таа земја.

Владата ветува дека ќе ги измери штетите што во овие околу две недели ги претрпеа земјоделците, и нема да ги остави на цедило.

На земјоделците им олесни, велат повлекувањето на царините е позитивно, продажбата ќе стартува и пак ќе се постигне нормална цена за нивните производи. Но Владата мора да направи реални проценки на нивните штети, што ќе биде лесно бидејќи Царината ги има точните податоци за изгубениот извоз.

Косовската Влада денеска ги зела предвид аргументите на нашите власти, но оваа одлука следува откако и Европската комисија вчера го искара Косово и го повика итно и без одлагање да ја реши ситуацијата и да ги повлече заштитните мерки.


 

телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close