Косовската влада сеуште одлучува дали и за македонските земјоделски производи ќе се плаќа повисока царина
И продавачите на тезги и пазарџиите да дочекаат пензија е целта на измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои во форма на предлог на закон се подготвуваат во Министерството за труд и социјална политика
– Со овие зимени се предвидува внесување во осигурување на вршител на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари, стои во најавата за подготовката на предлогот на законот, објавена на ЕНЕР.
Се појаснува дека цел на предлог-законот е физичките лица кои се регистрирани како вршители на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари да се стават како осигуреници
Предлог законот опфаќа измени и кај бенефицираниот стаж, односно кај осигурувањето со зголемено траење.
– Се овомзожува намалувањето на старосната граница за остварување право на старосна пензија да се врши пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж, објавено е на ЕНЕР без да се изнесат детали.
Подготовките на овие законски измени и дополнувања Министерството за труд и социјална политика ги почнало во понеделникот, а според најавената временска рамка, текстот треба да го предаде во Владата до 10 наредниот месец. Јавна расправа не е предвидена.