fbpx
Вести

Крави угинале додека паселе во битолското село Могила

Во битолското село Могила вчера додека паселе, угинаа осум молзни крави, сопственост на И.О. (53).

Вчера во 19 часот во Полициската станица Битола го И.О.(53) пријавил дека во 16.15 часот во нива-стрниште, сопственост на Т.К. , на месноста викана  „Мала Река“  во атар на село Могила, при напасување умреле осум молзни крави негова сопственост.

За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба на местото излегле ветеринарен лекар, инспектор по земјоделство и инспектор по ветерина.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close