Криза и во земјоделието и сточарството – по цената на нафтата, поскапеа и вештачките ѓубрива и семето
Исмаил Беќири, земјоделец од Тетово вели дека садењето земјоделски производи е многу скапо бидејќи поради цената на нафтата, поскапеле и семињата за расад и вештачките ѓубрива.
Поскапувањето на нафтените деривати влијаеше врз земјоделието и сточарството. Исмаил Беќири, земјоделец од Тетово вели дека садењето земјоделски производи е многу скапо бидејќи поради цената на нафтата, поскапеле и семињата за расад и вештачките ѓубрива.
„Самите гледате каква е ситуацијата, јас се занимавам и со земјоделие и со сточарство. За земјоделието ни пуштија нешто субвенции но не доволно, многу малку е, а цените се покачени, вештачкото ѓубриво е поскапено за 150%, и нафтата, државата ни даде 100 евра, но што да правиме со нив, 17 хектари имам и земам под наем, вкупно се околу 50 или 60 хектари, ако не поскапат цените, бидејќи јас одгледувам зелка и домати, можеме да пропаднеме. Ако порасната цените, се знае, одиме во загуба, од денеска во Струмица зелката е 6 денари на големо а 6 денари чини само семето да го купиш, а каде се другите цени, и работната рака е поскапена, сами не можеме!“, истакна Исмаил Беќири.
Доколку цените на производите не ја задржат сегашната цена, земјоделците стравуваат дека ќе бидат во загуба.https://mk.tv21.tv/kriza-i-vo-zemjodelieto-i-stocharstvoto-po-tsenata-na-naftata-poskapea-i-veshtachkite-gubriva-i-semeto/
„Добри беа цените, но трошоците беа многу помали, да кажам 100% помалку беа, и сега гледате и самите, една вреќа ѓубриво беше 10 евра, оваа година е 25 евра, тоа е…“