fbpx
Без категорија

Кризата особено ги погоди жените земјоделки

Работниците ангажирани во земјоделството се особено погодени од страна на ковид пандемијата и се уште се онаа група на работници кои најмалку беа поддржани со владините мерки

 

Работниците ангажирани во земјоделството се особено погодени од страна на ковид пандемијата и се уште се онаа група на работници кои најмалку беа поддржани со владините мерки Дел од НВО секторот реагира дека наместо ваучери за летување на земјоделците им треба посериозна помош и разработување на стратегија како да ја надминат оваа криза. Исто така потребна била поголема информираноста на земјоделците за тоа кои мерки и како може да ги користат.

-Да бидеме реални дека во руралните средини кај луѓето кои се ангажирани во земјоделскиот сектор најголем медиум е се уште радиото и комшијата. Требаше поголема достапност и на самите мобилни тимови кои што требаше да ги информираат земјоделци, но и поголема застапеност при посета на терен, за мерките и програмите кои можат да допрат и да добијат поддршка земјоделските работници. Тука гледам дека самите земјоделски здруженија, каде што спаѓаме и ние, значи кризата со ковид-19 и пандемијата никој не ја очекуваше, не начека малку неспремни додека се мобилизираме, меѓутоа сега гледам дека информираноста е зголемена за придржување до мерките, меѓутоа започнуваат и да ги користат владините мерки. Она што треба да се каже е дека да добар беше ваучерот за летување, меѓутоа на лето знаеме дека земјоделците се најмногу ангажирани во земјоделскиот сектор, така да мислам дека треба да се насочиме кон поинаква поддршка за нив, и финансиска, меѓутоа и менторска поддршка за тоа како може да го зачуваат своето производство, да обезбедат пласман за своите производи, да имаат можност како да ги достават ресурсите. Со затворањето на пазарите тие немаат основна можност да набават ресурси за работа, значи треба посебно вниемание, да се размисли, да се направи цела стратегија и план како да им се помага на земјоделските работници“, истакна Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Особено со Ковид пандемијата биле погодени жените земјоделки. Во регистарот на семејни земјоделски стопанства биле запишани 171.000 земјоделски стопанства, од кои носители се 37.000 жени. Од активни земјоделки, според податоците од 2020 годиина заклучно со декември, од 66.000 активни земјоделски сотпанства кои што аплицираат за субвенции, 9.000 се жени земјоделки. Ова е голема бројка каде што вклученоста е формализирана, меѓутоа голем дел од жените вклучени во земјоделскиот сектор не се пријавени, не се пријавени како индивидуални земјоделки и не плаќаат пензиско и здравствено осигурување за да можат да користат некои бенефити, а сепак работат и како неплатени семејни работнички, меѓутоа и неплатени во земјоделскиот сектор во склоп на семејството.

„Жените земјоделки за време на пандемија дополнително ги зголемија своите обврски, како грижата за домот, училиштата затворија, па тука е грижата за децата, поголема ангажираност околу земјоделските активности, недостапност до финансии, затворија локалните пазари, намалија приходите во семејството, многу предизвици со кои се соочија жените земјоделки и жените во руралните средини. Се надевам, како што и сите ние се надеваме дека пандемијата со ковид-19 ќе заврши порано, што поскоро, меѓутоа како држава треба да ставиме посебно внимание на заштита на сите работници, но најважно на земјоделскиот сектор. Значи земјоделството е најблагородната работна ангажираност на човекот, како што рекол Џорџ Вашингтон и овој свет за да биде одржлив мора да има поголема поддршка за работниците во земјоделскиот сектор и би завршила со една мисла што би кажала многу и за социјалниот и за економскиот аспект, тоа е дека овој свет не го наследивме од нашите баби и дедовци, туку го позајмивме од нашите внуци и поколенија. Време е заедно активно да работиме сите сектори и да научиме од оваа пандемија дека мора да имаме мултисекторски пристап, поголема поддршка и само заедно може да станеме понеосетливи на вакви пандемии и побрзо да се избориме со социјалната и економската криза што ја донесе оваа пандемија“, додава Тошеска.

 Кога станува збор пак за жената земјоделка тука особено голем предизвик, за жените регистрирани земјоделки е тоа што немаат право на платено породилно отсуство. Со тоа тие се дискриминирани од другите жени работнички без разлика дали потекнувата од урбана или рурална средина. Иако и тие плаќаат здравствено и пензиско осигурување, за разлика од другите категории работнички немаат право да користат платено породилно отсуство и платено боледување,

-Локалната акциона група Агро Лидер“, со поддршка на фондација „Отворено општество“ веќе гласно зборува, веќе сме во припрема на предлог мерки за да може да се овозможи платено породилно отсуство за жени земјоделки. Направено е истражување во пелагонискиот регион, во време на пандемија успаевме да разговараме со 400 жени земјоделки да видиме колку од нив успеале некако да искористат платено породилно отсуство и процентот е поразителен, само 2% од 400 анкетирани успеале да искористат платено породилно отсуство. Тоа што дополнително ја отежнува работата на жената земјоделка и нејзиното тројно оптоварување, во репродуктивната, социјалната и економската сфера“, потецира Тошеска.

 

Дарко Штаргоски за Зелена берза

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close