fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделските култури во фаза на зимско мирување, засега ги издржуваат негативните температури

Негативните минимални температури што изминатите денови ја зафатија државата, беа во границите на издржливост на земјоделските култури.

Негативните минимални температури што изминатите денови ја зафатија државата, беа во границите на издржливост на земјоделските култури. Според агрометеоролзоите, зимските форми на жита ги поднесуваат овие температури, а овошките се наоѓат во фаза на длабоко зимско мирување, каде животните функции (дишење, транспирација) се сведени на минимум, но не се прекинати.

-Во овој период овошките бараат одредена сума на ниски температури за да можат нормално да вегетираат идната година. Останатите земјоделски култури исто така бележат стагнација, нема развој и се во зимско мирување. Појавата на снег на планините ги зголемува резервите на вода кои би ги подобриле хидролошките услови, велат агрометеоролозите од УХМР.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close